Според Ајурведата, забите се „нуспроизвод“ на асти дату (коскено ткиво). Формирањето на кариес на забите и парадентит се знаци на побудување на вата во коскеното ткиво.
⠀
Стоматолошките заболувања честопати се предизвикани од недостаток на калциум, магнезиум и цинк.
Како да се отстранат недостатоците и да се превенираат:
⠀
Секое утро, добро изџвакајте, неколку семки од сусам кои се богати со калциум (можете да ги натопите во текот на ноќта, во вода). После тоа, истријте ги остатоците од семето на забите и добро исчеткајте и полирајте ги забите.
⠀
Вклучете Chawanprash, koj e исклучително богат со минерали и витамини.
⠀
Секој ден вклучете ја редовната практика на жабуркање со ајурведско масло и чистење на јазикот и потоа ако е потребно измасарајте ги непцата.
⠀
Ајурведска паста за заби од билки.
Ајурведата користи специјални горки и адстрингентни билки за чистење на забите. Составот на таквите пасти вклучуваат 20-30 природни компоненти.
⠀
Луѓето со пародонтално заболување, кога се излезени корените на забите, се јавува чувствителност на забите на топло и студено укажува на присуство на бактериска инфекција, корисно е да се прави гаргара со благ раствор на вода и нимово масло, а потоа да се измачкаат непцата.
⠀
Навлажнете ја четка за заби и нанесете неколку капки масло од нимовото масло на влакната. Четкајте ги забите, а потоа со памук, нанесете малку масло на изложените корени на забите.
⠀
Таквиот третман ќе помогне да се запре понатамошниот развој на инфекцијата и да се намали или елиминира чувствителноста на топлина и студ. Нанесете неколку капки на нимово масло и на денталниот конец. Тој ќе продре и во подлабоките делови на инфекција, која четката за заби не ја достигнува.
⠀
Темелно џвакајте ја храна.
Ајурведата ја нагласува важноста на темелно џвакање храна. Ова не само што помага во процесот на варење, туку и ја подобрува циркулацијата на крвта кон непцата.




0 Comments