fbpx
Ајурведски пијалок за длабок сон

Ајурведски пијалок за длабок сон

by | Јун 9, 2020 | 0 comments

Во Ајурведата, несоницата се смета за  #вата дизбаланс состојба. Вата е ветер, движење, промена, нестабилност, студ, суво, светло. Кога нервниот систем е излезен од баланс /праната не се движи правилно, предизвикувајќи несоница/. Ајурведата има природни решенија за речиси секој внатрешен или надворешен проблем. Во пролог ви претставуваме ајурведски пијалок за длабок сон:

Состојки:

1 чаша бадемово млеко (може да се направи и од кравјо млеко, но бадемовото млеко е секогаш подобро)

1 лажица сецкани урми

1 лажиче  #ги

¼ лажица морско оревче

1 лажиче суров органски мед

¼ лажиче  #ашваганда

малку кардамон во прав

Припрема: Помешајте ги во блендер сите состојки. Конзумирајте пред спиење!

Забелешка: не ставајте повеќе од потребните количини мушкатово оревче и ашваганда, бидејќи имаат навистина силни ефекти и ќе предизвикаат подлабок сон отколку што е потребно!

Придобивки: Овој пијалак не содржи кофеин кој ќе би пречел во спиењето. Мушкатовото оревче ги смирува сетилата и поттикнува спиење. Ашваганда (Withania somnifera) е еден од најценетите и најчесто користени билни препарати во ајурведската фармакопеја. Го ублажува стресот и му овозможува на телото да направи резерви и да ја одржува енергија витална во текот на денот, а истовремено поттикнува мирен ум и мирен сон во текот на ноќта. Сите други состојки користени во оваа напивка се здрави за телото и помагаат во ублажувањето на стресот и смиреноста на протокот на крвта што го подобрува сонот.

 

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...