Ајурведски пијалок за стимулирање на метаболизмот

Стимулирајте го метаболизмот со пијалок од лимон, куркума и лен

Сок од лимон, куркума и ленено семе се препорачува за сите луѓе кои имаат проблеми со дигестивниот систем, сакаат да го стимулираат црниот дроб и да го подобрат изгледот на кожата.Особено се препорачува кај лицата со доминанатна Кафа доша. Пијте го овој пијалок наутро на празен стомак за да го стимулирате метаболизмот и дигестивниот систем. Пијалокот ќе ги апсорбира сите токсични соединенија од храната и истовремено ќе ја стимулира елиминацијата на токсините од дигестивниот систем. Веројатно сте чуле за летниот хит „жешка лимонада“. Чаша топла лимонада на ден содржи помалку од 25 kcal, и е богата со витамини, минерали и растителни влакна. Бидејќи го зајакнува имунитетот, редовната потрошувачка на топла лимонада може да спречи болести како што се: ларингитис, бронхитис, грип, настинка, артритис, висок крвен притисок, бактериски инфекции и камен во жолчка и бубрези. Ленот, семе кое го намалува ризикот од рак на кожата и матката, сега е додадено на овој пијалок. Омега 3 масните киселини од семето од лен ќе ги охрабрат клетките на ракот да се самоуништуваат и нема да влијаат штетно на здравите телесни клетки. Студиите покажаа дека семето од лен го регулира нивото на холестерол и крвниот притисок и го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни болести. Куркумата има преку 1000 придобивки за човековото здравје, за која сме пишувале многу пати.

Потребни состојки:

1 чаша топла вода

1/4 лимон

1 лажичка мелено семе од лен

1/2 лажичка органска куркума

Подготовка: Измешајте ги сите состојки, се меша добро и се пие веднаш.

И не заборавјте да вклучите малку дневна физичка јога активност.

 

Органска куркума во прав 200гр

Кафа

ЈОГА

 

Фото: Фрипик

Written by Ayurveda

July 13, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...