Откочете го вратот во само 3 чекори
Сигурно барем еднаш во животот сте се разбудиле и да имате вкочанет врат. Може да го решите проблемот за само 60 секунди, а ние ви го откриваме трикот. Потребно е да внесете верба во тоа што го правите.
Прв чекор
Допрете го болното место на вратот со прстите, користејќи ја десната рака ако болката е на десната страна или левата ако е на левата страна на вратот.
Втор чекор
Притиснете го болното место со прстот или прстите ако болното место е поголемо. Ако не можете добро да стигнете до местото, користете тениско топче или сличен реквизит наместо прстите.
Трет чекор
Полека свртете ја главата на спротивната страна и навалете се и ротирајте дијагонално, како да сакате брадата да ја допира под пазувите. Држете ја позицијата 10 секунди и потоа опуштете се. На овој начин го затегнувате вкочанетиот мускул и со притискање постепено ќе го опуштите. Повторете ја постапката околу десет пати по ред. Оваа постапка ќе ја намали болката во вратот, но доколку се повтори, посетете ајурведски тарапевт, лекар или стручно лице. Продолжете го овој третман и во наредните денови. Ротацијата на главата нека се одвива во двата правца.
Овој третман е познат многу одамна во ајурведата и јогата бидејќи во овој предел постојат голем број марма точки, кои со допир ги активираме и регулираме.
0 Comments