Дали кашлаш или внимаваш на здравјето?
Тогаш дефинитивно мора да ги испробате овие здрави, домашни бонбони.
Рецептот се препорачува за сите возрасни групи.
Направени се од исклучиво природни состојки, смируваат кашлање, а може да ги земате и превентивно затоа што помагаат во зајакнување на имунитетот.
Состојки:
2 лажички кокосово масло
1 лажички органски мед
прстофат органски цимет, куркума, кардамом, црн пипер
Подготовка:
Измешајте го кокосовото масло во сад со миксер додека не се запени.
Додадете го медот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена смеса.
На крај додадете ги заќините и убаво измешајте ги сите состојки.
Сипете ја смесата во модули за мраз и ставете ги во замрзнувач 20 минути.
Извадете ги бонбоните од калапот, префрлете ги во тегла и чувајте ги во фрижидер.
Превентивно може да ги земете бомбоните, бидејќи кокосовото масло, медот и другите зачини го зајакнуваат имунитетот.




0 Comments