„Само во директен контакт со стравот може да се ослободите од него.“ вели големиот учител
Кришнамурти
Дали знаете дека е корисно да се чувствува страв бидејќи во опасни ситуации буквално може да
нè спаси, како што велат „страв лозје чува„, но не е добро кога стравот зема замав па тоа влијае
на нашите одлуки и ни го дава правецот во животот.
Секојдневно живееме со разни стравови реални, психолошки стравови, нереални, на
пример најчесто се плашиме од иднината, се плашиме од осаменост, болест, јавен настап, туѓо
мислење, страв од неуспех на пример… постои верување дека зад секој страв всушност се крие
страв од – смрт. Но, да се живее во постојан страв е исто како да се биде мртов човек, нели?
Освен фактот дека стравот во голема мера не попречува во извршувањето на нашите секојдневни
задачи, тој има и негативно влијание врз нашето ментално и физичко здравје.
Стравот го ограничува дури и нашето дишење затоа што под негово влијание се „намалуваме“ и
се затвораме. Дејствуваме како полжав што влегува во својата куќа за да е безбеден.
За да живееме добро важно е да научиме како да ги надминеме нашите.
Што е страв?
Чувство спротивно на љубов.
Стравот е емоција спротивна на љубовта и се јавува само таму каде што нема вистинска љубов и
владее егото.
Кришнамурти-светски учител и говорник, се занимавал со прашањето за стравот и како да се
ослободиме од него.
Тој вели дека помислата за иднина создава страв..
Тој страв се појавува затоа што мислата се протегнала во некое замислено, идно време.
Според него, можеме да го надминеме стравот само кога ќе исчезне конфликтот во нас.
Конфликтот во нас настанува кога ќе кажеме „Страв ми е, се плашам да не…..“
Имено, ако се плашиме, а истовремено сме решиле да го отстраниме стравот, во нас се појавува
конфликт помеѓу реалноста (имаме чувство на страв) и нашите желби (да немаме чувство на
страв).
Токму овој конфликт не спречува да се ослободиме од тој страв.
Кога ќе се најдеме во ваква ситуација наприроден начин за самопомош се техниките за дишење, јогата и редовно земање Ашваганда.




0 Comments