Ајурведски трик – медов пилинг за блескаво лице
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведски трик – медов пилинг за блескаво лице

Ајурведски трик – медов пилинг за блескаво лице

by | Nov 23, 2020 | 0 comments

Со векови, во ајурведата медот се користи за нега на коса и кожа. Клеопатра била позната по тоа што се капела во мед и млеко, а сопругата на римскиот освојувач Нерон, користела лосион со мед и млеко за лицето за да го задржи младешкиот изглед. Дури и пред козметиката да започне широко да се произведува кон крајот на 1800-тите, медот бил популарна состојка
Природниот мед е ефикасен и при третмани за помали гребнатинки и изгореници. Ефикасен е и како антимикробен агенс. Медот ја чисти кожата, и ја дава потребната влага, ја лекува, ја храни и ја штити од бактериски инфекции.
Може да се каже дека медот во козметиката е ист како и во кујната. Не само што е вкусен туку и влијае на доброто расположение, а има и поволно влијание врз нашиот тен. Затоа е нeрискинлив дел од нашите природни ајурведски средства за нега на телото.
Ако барате природени решенија за: свеж, сјаен тен и негувана кожа, еве неколку предлози.

Сè што ви треба е добар, органски /шафранов/ мед.
Дерматолозите велат дека медот прави чуда на кожата благодарение на неговите антибактериски својства и високата содржина на антиоксиданти.
Медот е природен антибактериски агенс, го забрзува повлекувањето на мозолчињата, богат е со антиоксиданси, затоа ги забавува првите знаци на стареење, ја хидрира и ја смирува кожата, така што тенот станува свеж и сјаен, и ги отвора порите и полесно се чистат.

Домашен медов пилинг „Направи сам“

Еднаш или двапати неделно, можете да направите нежен пилинг на кожата со мешавина што ќе ја направите со комбинирање на два дела мед и еден дел сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло од лаванда.
Сода бикарбона ќе ви даде лесен пилинг, а медот ќе ја смири кожата и ќе ја направи мазна. Можете да го користите овој домашен агенс за пилинг од глава до пети, со осврт на лицето и телото.#

По овој третман се препорачува негата да продолжи со некои од нашите путери за нега на лице и тело.

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...