fbpx
Ајурведско кафе со кокосово масло и кадрамом – дава енергија и го поттикнува слабеењето
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведско кафе со кокосово масло и кадрамом – дава енергија и го поттикнува слабеењето

Ајурведско кафе со кокосово масло и кадрамом – дава енергија и го поттикнува слабеењето

by | Авг 17, 2021 | 0 comments

За супер моќите на кокосовото масло и кардамомот се зборува особено последниве години и заради тоа сѐ почесто се користат, во готвењето, за убавина, но и во кафе!

Секој од дошите поинаку го поднесува кафето. Најдобро од сите во овој поглед котира Кафа дошата.

Сто грама кокосово масло има дури од 820 до 900 калории, но без оглед на енергетската вредност, кокосовото масло има големо влијание на полесното симнување на килограмите затоа што го забрзува метаболизмот, а не забрзува и нас – затоа што ни ја дава потребната енергија. Ја поттикнува Пита дошата во телото.

Имено, кокосовото масло не содржи ниту јагленихидрати, ниту протеини, туку е со целосно липиден состав заради што побрзо и полесно метаболизира и станува извор на енергија. После подолготрајно консумирање на кокосово масло, доаѓа до забрзување на метаболзимот.

Освен тоа, заради основната состојка на кокосовото масло –лауринската киселина, ова масло го зајакнува нашиот имунитет. Маслото има и антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.

Заради сите овие ефекти од консумирањето на кокосовото масло, почнува сѐ повеќе да се става и во најомилениот топол пијалок во кафето. Кокосовото масло ќе го збогати вкусот на кафето, но сепак, се советува да не се пие повеќе од едно дневно затоа што би можеле да имате тегоби со варењето.

Постојат два начини на кој можете успешно да измешате кокосово масло и кардамомот во своето кафе.

Лажичка или две кокосово масло ставете во шолја и прелијте со врело кафе или пак подгответе кафе и додека е уште жешко помешајте во него лажичка кокосово масло и кардамом.
Свареното кафе, лажичка или две кокосово масло и кафен шеќер ставете во блендер и мешајте додека не добиете довоно пена.

 

 

ДОШИ

Кафа

Питта

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...