fbpx
Ајурведата препорачува – наместо аспирин и витамин Ц, мора да имате ова …
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ајурведата препорачува – наместо аспирин и витамин Ц, мора да имате ова …

Ајурведата препорачува – наместо аспирин и витамин Ц, мора да имате ова …

by | Авг 17, 2021 | 0 comments

Ѓумбир!

Ајурведата одамна ги знае позитивните влијанија на ѓумбирот на телото и здравјето.

Овој корен содржи низа хранливи материи. Често се консумира како чај, но и како зачин. Ѓумбирот е ефикасен лек за многу состојби и болести, а е особено ефикасен против продуктивна, пушачка кашлица.

Една од најпознатите предности на ѓумбирот, особено на чајот од ѓумбир, е намалувањето на мачнината и тегобите. Само една шолја чај може да ги намали мачнините предизвикани од патувањето или утринските мачнини за време на бременоста.

Чајот од ѓумбир помага и при варењето на храната, ја ублажува надуеноста во цревата и гасовите, но го регулира и апетитот.

Чајот содржи и антиоксиданси кои помагаат за подобрување на имунолошкиот систем. Понатаму, чајот од ѓумбир помага и при ублажување на менструалните болки и грчеви, а облогите од чајот можат да ги опуштат и релаксираат стомачните мускули.

Овој чај има и смирувачко дејство и го намалува стресот и напнатоста. Тоа е поради неговите специфични и јаки ароми и лековити својства.

Истражувањата покажале дека секојдневната консумација на чај од ѓумбир може да го зголеми бројот на сперматозоиди и да помогне при еректилна дисфункција.

Освен сето ова, ѓумбирот е најдобар лек за борба против инфекции, спречува непријатен мирис, го забавува растот на канцерогени клетки, го намалува нивото на лошиот холестерол, а го зголемува нивото на добриот, помага при детоксикација.

За да направите чај од ѓумбир, потребно ни е:

6-8 лажици рендан свеж ѓумбир
Малку цимет
Малку свежо исцеден сок од лимон
4 шолји вода

1/2 лажичка кардамом

1/2 лажичка органска куркума

прстофат црн пипер

Ако сакате да го заблажите, најдобро е да додадете малку органски мед или здрав засладувач. Водата сварете ја до вриење, а потоа додадете го ѓумбирот. Кога ќе се подизлади, пред да почнете да го пиете, додадете: цимет, мед, куркума, кардамом и сок од лимон.

За побрзо да се излекувате, пијте го овој чај два до три пати дневно.

 

При поголем пад на имунитетот земајте Амла, Амрут и Туласи

Amruth

Amla

Tulasi

 

Органски кардамом во прав 200гр

 

Органска куркума во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...