Дали знаете дека една од најголемите човечки вредности е простувањето?

Вистинскиот момент за искрено простување е токму тука и сега „Да простиш значи да го ослободиш затвореникот, а притоа да откриеш дека тој затвореник си бил ти.“ – Луис Б. Смедс
Кога некој за којшто се грижиме ќе нѐ повреди, може да чувствуваме бес, лутина и желба за одмазда, или пак едноставно да простиме и да продолжиме понатаму. Не постои човек којшто не бил повреден од зборовите или делата на неговите најблиски. Но, доколку не практикуваме простување, тогаш ние би биле оние коишто би биле најповредени. Всушност, простувањето е одлука којашто може да ни помогне да се фокусираме на други, попозитивни апекти од нашиот живот.
Сите имаме само еден живот и не вреди залудно да го трошиме на омраза, да потиснуваме гнев во себе кој со текот на времето не исчезнува, туку расте во целото наше битие и ни ја одзема животната радост.
Мораме да се научиме да простуваме, но тоа да го правиме вистински и искрено. Обичното „Во ред, ти простувам“ не е доволно и често е сосем неважно ако тоа навистина не го мислиме, не веруваме во зборовите кои ги искажуваме и не ја чувствуваме моќта на простувањето со секој атом од нашата душа.
Простувањето е убедување дека никој и ништо не може да ја наруши нашата ментална, духовна рамнотежа и никој и ништо не може да застане на патот на нашата среќа и чувство на духовна исполнетост и мир.
Потребно е да го пронајдеме изворот на мир и спокој во средината на нашето битие и да се ослободиме од непотребните грижи и деструктивни чувства.
Сепак, не треба да се превиди фактот дека простувањето не важи само за другите, тоа важи и за нас. Потребно е и самите себе да си ги простиме грешките кои сме ги направиле, погрешните избори и разочарувањата од минатото за да можеме да зачекориме по нов животен пат.
Затоа, за мир на твојот ум и твојата душа Прости 🙂

Written by Ayurveda

March 10, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...