Седум начини како да се дистанцираме од блиски негативни луѓе во наша близина
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Седум начини како да се дистанцираме од блиски негативни луѓе во наша близина

Седум начини како да се дистанцираме од блиски негативни луѓе во наша близина

by | Mar 10, 2021 | 0 comments

*Се почесто се сретнуваме со негативни луѓе околу себе. Ако средбите се инцидентни и
случајни, не преставуваат голем проблем, брзо ќе ни изветреат од глава и ќе ни остават само
негативен впечаток како момент никогаш повеќе ништо да немаме со таа личност, народски
кажано, …да бегаме кога ќе ја видиме…….Но, кој е спасот ако се тоа наши блиски луѓе со кои е
невозможно целосно да ја прекинеме комуникацијата.
*Лесно е да се даваат совети од типот: раскинете ги односите со токсични луѓе? Ок, но како?
Не е ни најмалку лесно да се направи тоа. Како да се дистанцираш на пример од мајка која има
негативен став кон животот, како да ја раскинеме врската со неа? Како? Треба да сме свесни дека
некои луѓе имаат проблеми со менталното здравје или здравствени проблеми. Не е лесно да се
отргнеме од сакана личност, партнер, пријател или брат, сестра, проблематичен колега, колешка?
Како? Не можеме заради таа личност да ја напуштиме работата, бизнисот, домот, тоа не е
секогаш можно, тие едноставно ни се присутни во животот. А од друга страна ни го отежнуваат
животот со нивната негативна енергија и не следат на секој чекор.
*Мора да постои метод како да се спасиме од влијанието на негативните луѓе. Факт е дека не
можеме физички да ги напуштиме, но постои метод на дистанцирање, што во суштина не
преставува бегство, туку психолошко дистанцирање. Пред да го започнеме дистанцирањето,
потребно е да констатираме и да сме сигурни дека таа личност е негативна и ни го попречува
патот, и потоа може во својот став и полека систематски и методички да се дистанцираме за
највисоко добро.
Еве што да треба да се направи:
Не го започнувајте први контактот, а ако е неминовен бидете кратки и јасни. Не јавувајте се, не
пишувајте, не поканувајте ја да ве посети, не предлагајте комуникација први – со еден збор
секогаш кога е можно избегнувајте да се сретнете. Честитајте празник, дајте подарок ако е
потребно, но не повеќе од тоа. Запаметете „не почнувајте комуникација први„.
Не жалете се и не споделувајте со таков човек ваши проблеми, не откривајте ја својата душа и
не кажувајте детали од вашиот живот. Затоа што секој збор ќе се користи против вас, во случај да
посакате да се дистанцирате. Како под калап сите реагираат исто во момент кога неможат да ве
располагаат и кога губат тло и почнуваат да тонат во негативното. Не повторувајте ја грешката.
Не споделувајте ништо со нив, само техничка соработка, помош и поддршка. Не вклучувајте
никаква емоција и не споделувајте ниедна важна информација.
Не разговарајте за трети страни и лица. Затоа што тогаш ќе страдате сами – таков човек ќе
пренесува информации, искривувајќи ги до непрепознатливост. Честопати ќе изигруваат ваш
спасител, критикувајќи ги оние за кои си споделил искуство, создавајќи лажна близина. Честопати
тие ќе ве уценуваат со информаци што самите сте ги споделиле, со еден збор можат да ви
направат хаос во животот. Не споделувајте со нив информации за трети лица.
– Не позајмувајте ништо од таков човек. Не позајмувајте пари, не користете услуги од нив и не
барај помош. Така ќе влезете во ропство на долг, од кое е невозможно да се излезете
лесно.
Не покажувај емоции. Нема долги разговори. Зборувајте јасно, претпазливо и малку. Следете
го времето за контакт и секогаш кога имаш средба или работа биди ограничен со време ( имај
само 15 минути време). Замисли дека си во балон со таа личност. Замисли дека кислородот во
балонот ќе трае само некое време , кога ќе го снема кислородот, тогаш едноставно ќе се
задушите! Излегувај што може побрзо, за спас на својот ум!
Не влегувајте во никакви спорови и дискусии. Збор по збор и ќе се најдете во стапица. Нема
да забележите како сте се скарале, како сте се изнервирале и за на крај секогаш ке бидете
виновни.
Не им зборувајте за тоа што сакате да сторите, не кажувајте им ги желбите и плановите. Ќе ве
закочат во се. Ако ви дојде да си ја искажете среќата, само префрлете го разговорот на нешто
друго, на кој било начин. Не помислувајте да започнете да се жалите, и тука закочете…… веднаш
освестете се и најдете причина да го завршите разговорот. Со нив мора се да биде- кратко и
јасно.
Овие методи треба да се применуваат постојано, секојдневно од ден на ден. Ова е начин да се
дистанцирате. Тензијата и притисокот од присуството полека ќе се намали, а вие ќе бидете
емотивно заштитени и надвор од опасност.
Оваа дистанца во комуникацијата понекогаш може да ја промени проблематичната личност на
подобро. Не постои вообичаено сценарио, но факт е дака ако сме дистанцирани нема што да се
хранат и однесувањето полека ќе се промени! Значи, дистанцирањето е добро за обете страни.
Дистанцата овозможува да се избегнат непријателства и отворен конфликт.

Добри ефекти се постигнуваат доколку редовно земате Ашваганда

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...