Домашен третман на тироидната жлезда со лековити мантри – зборови
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Домашен третман на тироидната жлезда со лековити мантри – зборови

Домашен третман на тироидната жлезда со лековити мантри – зборови

by | Dec 29, 2020 | 0 comments

Тироидната жлезда е оболена кај луѓе кои силно доживуваат сè што им се случува, кои реагираат
на лошите постапки на другите, со чувство на длабока повреда и незадоволство. Негативните
емоции остануваат замрзнати во телото, се акумулираат во тироидната жлезда и почнува да се
оболува. Емоциите мора да се движат!

Третман на тироидната жлезда со лековити мантри – зборови

Георги Ситин е познат руски научник, автор на ефективни текстови за лекување за
самопрограмирање на заздравувањето на организмот. Неговата техника SOEVS е развиена во
околу 50 обемни научни трудови, со околу 20 000 медицински текстови. Обемни докторски
дисертации од областа на медицината, психологијата, педагогијата и филозофијата.
За време на Втората светска војна тој беше многу тешко ранет, лекарите тврдеа дека е целосно
инвалид и нема начин како да се спаси. Потоа започна да работи на создавање лековити
текстови, кои целосно ги излекуваше. Понатаму, илјадници луѓе беа излекувани со помош на
неговите текстови за лекување.
Тоа е техника, заснована на способноста на човекот да му помогне на својот заболен организам
со зборови. Исцелувачките текстови ги вклучуваат нашите чувства, ја зајакнуваат моќта на
мислата, ја мобилизираат нашата волја, создаваат висока концентрација на волја и ја насочуваат
нашата волја да го усвоиме текстот и на тој начин да си помогнеме.
Додека си во кревет, додека се будиш или заспиваш, повеќе пати повторувај си афирмативни мантри –
зборови  за здрава тироидна жлезда. За да може организмот да го усвои текстот, потребни се
500-1000 изговарања и слушања. Најважно од се е вербата дека можеме да си помогнеме и исцелиме. Кога вашето тело целосно ќе ги усвои овие зборови,  негативните мисли ќе се отстранат, а нарушувањата во вашето тело и ќе ви го вратат здравјето.

При намалена функција практикувајте редовно јога, техники на дишење и редовно земајте Ашваганда.

 

ЈОГА

СЕМИНАРИ

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...