Древен ајурведски рецепт – ослободи се од дамките и пегите на кожата

Овој едноставен лек навистина делува и се заснова на принципите на Ајурведата, најстарата
индиска наука за лекување.
Хиперпигментацијата е нарушување на бојата на кожата и се карактеризира со темни делови на
кожата предизвикано од зголемување на количината на меланин, темен пигмент на кожата.
Изложеност на сончева светлина, бременост, одредени болести, возраст или траума може да
доведе до нарушувања на меланинот и да создаде неестетски кафени дамки карактеристични за
ова бенигна болест.
Точните причини може да се поделат во две групи: надворешни и внатрешни.
-Надворешни причини се оние кои доаѓаат од околината: изложеност на сончева светлина
влијанија од хемиски соединенија (бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон, итн.).
-Внатрешни причини се поврзани со наследниот фактор – луѓе со потемна кожа имаат поголема
склоност да развијат дамки и пегите.
Старечки дамки и сончеви дамки се предизвикани од штетни ултравиолетови зраци на сонцето.
Тие го оштетуваат меланинот и резултираат во привремена или трајна промена на бојата. Овие
дамки честопати можете да ги забележите на лицето и рацете, но може да се појават на кој било
дел од кожата што бил изложен на сонце.
Лузни од траума или операција исто така може да предизвикаат промена на бојата на кожата, па
дури и кога проблемот ќе помине, остануваат темни дамки.
Мелазмата е хиперпигментација на кожата што се јавува за време на бременоста, иако понекогаш
може да влијае и на мажите. Обично се нарекува маска за бремени жени бидејќи кафени дамки го
покриваат лицето – претежно носот и образите. Ова нарушување обично поминува по бременоста
и не предизвикува големи проблеми.

Природен лек за хиперпигментација – рецепт
-Земете 1 лажичка куркума во прав, додадете 1 лажичка сок од лимон и измешајте добро
-Аплицирајте на погодените области
-Оставете да се исуши и да делува 15 минути
-Исплакнете со ладна вода

ВНИМАНИЕ: Не ја изложувајте кожата на сонце веднаш потоа!
Препорачливо е да се аплицира пред туширање.
Повторете еднаш или двапати на ден до видливо подобрување.
Овој едноставен лек навистина делува и се заснова на принципите на Ајурведата, најдревната
наука за лекување.
Лимонот го избелува и стимулира пилингот на кожата, а куркумата, освен што ја осветлува
кожата, има антиинфламаторно дејство и ја прави кожата сјајна.
Луѓето со многу чувствителна кожа можат да го разредуваат сокот од лимон или да го заменат со
млеко.

Неодложно направи си добро самиот на себе!

 

Органска куркума во прав 200гр

 

 

Written by Ayurveda

March 15, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и...