Ашваганда, „индискиот женшен“ или Withania Somnifera fam. Solanaceae која е дел од нашите „подмладувачките“ производи и е моќен суплемент во ајурведската медицина или т.н. расајана. Се користи со милениуми за да поттикне „нов живот и енергија“, зајакнувајќи ја меморијата и когнитивните перформанси, тоник што според ајурведската традиција дава буквално “сила на коњ“. Ашваганда ја регенерира виталната сила и енергичностa, го балансира метаболизмот и всадува смиреност, општа благосостојба, ментална јасност, благодарение на биоактивните молекули на оваа билка. Денес наоѓа сè повеќе простор во современиот забрзан западен свет, во случаи на стрес, замор или вознемиреност, намалена меморија, артритични болки, при што витанолидите делуваат со значителна ефективност. Многу научни студии покажуваат дека овие супстанции комуницираат директно со нашиот централен нервен систем, и делуваат како енергична поддршка на надбубрежните жлезди, дозволувајќи подобар одговор на стресот, смирувајќи ги „сигналите“ на кортизолот.
Еве ја нејзината главна функција како „адаптоген“ и што велат најновите научни истражувања.
Важните ајанолиди ја инхибираат ацетилхолинестеразата, ензим што го сублимира ацетилхолинот, невротрансмитер неопходен за стекнување нови информации. Поголемата достапност на ацетилхолин овозможува значително подобрување на меморијата и другите когнитивни функции (концентрација, будност, внимание).
Таа го стимулира растот на нервните клетки (неврони) и ги регенерира оштетените завршетоци (дендрити и аксони). Ашвагандата им овозможува на невроните да се поврзат на нов начини со формирање на нови крстосници (синапси) и нови мрежи.
Често користениот превод кој се користи за оваа билка е „сексуален тоник“ кој подеднакво делува кај двата пола. Нејзиниото главно делување покажа сексуална стимулација кај мажите, а воедно го ублажува стрес хормонот – кортизол. Споредно дејтво, но не помалку важно е подобрувањето на квалитетот на сперматозоидите, што можеби е чест проблем на денешнината. Успешно го решава проблемот на Азооспермија и Аспермија.
0 Comments