Едноставна јога вежба ако патиш од болки во грбот
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Едноставна јога вежба ако патиш од болки во грбот

Едноставна јога вежба ако патиш од болки во грбот

by | Jul 20, 2021 | 0 comments

Јога вежба за ублажување болки во грбот

Секој од нас тежнее да биде во целосен мир и хармонија со нас самите и со светот кој не
опкружува. Сепак, постојат милиони фактори кои не спречуваат да доживееме мир и радост, тоа
се: стрес, болка, животни несреќи, лоши мисли и емоции. Само ако се ослободиме од нив, може
да се постигне хармонија. Постојат многу начини и техники да се ослободиме од стрес,
вознемиреност, болките во грбот, но еден од најдобрите е да се практикува јога.
(Malaasana) Малаасана или положба на венец е една од јога асаните што има комплексен ефект
врз телото. Помага во ослободување од стрес, добивање сила и освежување Ако редовно ја
практикуваме оваа асана, може да се ослободиме од болки во грбот кои се појавуваат најчесто од
стрес и тензија.
Оваа позиција на телото, обезбедува чувство на смиреност, самодоверба и релаксација, па затоа
се препорачува да се изведува во стресни ситуации. Со редовно изведување на малаасана,
едноставно и брзо стануваш помирен и поизбалансиран.
Малаасана помага и за зајакнување и освежување на мозокот. Оваа асана е добра за жените,
бидејќи помага да се елиминираат неправилностите во менструалниот циклус и да се воспостави
циклус. Малаасана добро се справува со сите промени поврзани со возраста во телото:
прекумерна тежина и масни наслаги во долниот дел на стомакот.
Позицијата венец ни овозможува да се ослободиме од артритична болка во грбот и зглобовите,
зајакнување на ‘рбетот и чувство на светлина.
Замислета сето тоа благодарение на една вежба.
Како се изведува:

Застануваме исправено со нозете раширени во ширина на колкот. Потоа, правиме длабок свиок
напред, свртувајќи ги стапалата со прстите. Потоа започнуваме полека да клекнуваме, свиткувајќи
ги колената. Задникот го поставуваме што е можно пониско до подот, а стапалата се целосно
поставени на подот. Во овој случај, колената треба да се бидат што пораширени. Идеално, тие
треба да бидат на исто ниво со прстите. Рацете ги поставуваме пред нас, дланките споени и
преклопени, а лактите ги притискаме на внатрешната страна на колената. Грбот го држиме
потполно прав, главата убаво исправена гледа напред. Во оваа позиција длабоко и рамномерно
вдишуваме и издишуваме.
Важно е да се чувствуваме добро во нашето тело. Започнуваме да ги притискаме лактите до
колената и да се спротивставуваме на колената. Ги извлекуваме градите и градниот кош
нанапред и ја држиме оваа позиција 5-10 круга на вдишување и издишување. Потоа полека преоѓаме на нормално дишење и го подигаме телото во права стоечка положба, ги ослободуваме
рацете и се одмараме.
Најважно од се е при изведување на асаната да не чувствуваме напнатост и непријатност.
Изведувањето на оваа вежба треба да биде лесно и без напор. Оваа вешба ја повторуваме
неколку пати, со мали паузи.
Веднаш по извршувањето на серијата Малаасана, ќе почувствуваме како телото се исполнува со
сила и енергија, со еден збор ќе почувствуваме леснотија. Стресот, вознемиреноста и болката ќе
исчезнат за многу кретко време, под услов оваа магична асана да се изведува редовно,
секојдневно по два пати на ден. Започнуваме веднаш, без одлагање и резултатите инстант ќе ги
почувствуваме. „Мир во нас, мир околу нас„

Доколку чувствувате редовни болки во грбот нанесете од ајурведскиот мелем за болки.

Повеќе корисни јога асани можете да научите и практикувате на редовните јога часови.

 

Ајурведска крема против болки со ѓумбир и лути пиперки

 

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...