Црниот дроб е втор по големина орган во човечкото тело после кожата.
Врши над 500 важни функции во вашето тело.
Меѓу најважните задачи на црниот дроб се:
– чистење на телото од токсини
– регулација на маснотии
– одржување на рамнотежата на хормоните
– производство на протеини во крвта
– производство на жолчката
Сè што внесувате во организмот преку храна, вдишување или преку кожата, поминува низ црниот
дроб. Масна, печена, пржена храна, алкохол, газирани пијалоци, лекови и загаден воздух се едни
од најголемите непријатели на овој витален орган. Со нивното токсично дејство, тие го
оштетуваат црниот дроб и ја нарушуваат неговата функционалност и на крајот имаат негативен
ефект врз целокупното здравје.
***Здравиот начин на живот е од големо значење за целосната функционалност на црниот дроб,
што првенствено вклучува здрава и правилна исхрана, престој на свеж воздух и користење
природна козметика и лековити препарати.
***Покрај тоа, редовното чистење или детоксикација на црниот дроб е од големо значење за
одржување на здравјето и на целиот организам и на црниот дроб.
Позитивни ефекти од детоксикација:
– спречува формирање на масен црн дроб
– помага да се елиминираат камењата од црниот дроб и жолчката
– го забрзува метаболизмот
– подига имунитет
– ги зајакнува енергијата, концентрацијата и продуктивноста
– потиснува главоболка, депресија, замор и поспаност
– го отстранува лошиот здив, како и непријатниот мирис на телото
– ги ублажува, па дури и целосно ги потиснува алергиите
– придонесува за здравјето и убавината на кожата
– промовира губење на тежината
Врвна храна за чистење на црниот дроб
Природна храна која помагаат во елиминирање на токсините од црниот дроб, а истовремено го
снабдува организмот со потребни хранливи материи е:
Јаболка, бадеми, артичок, авокадо, босилек, репка, боровинки, бразилски орев, брокула, трева од
пченица, коријандер, цимет, брусница, глуварче, ленено семе, анасон, лук, грејпфрут, гоџи
бобинки, зелен чај, коноп, кељ, лимонска трева, лимон, маслиново масло, кромид,магдонос,
ѓумбир, ананас, алги, сусам и куркума.




0 Comments