Ослободи се од болката и отокот од убод на оса, пчела и стршлен
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Ослободи се од болката и отокот од убод на оса, пчела и стршлен

Ослободи се од болката и отокот од убод на оса, пчела и стршлен

by | Jul 20, 2021 | 0 comments

Како природно да ја ослободиме болката и отокот од убод на оса, пчела и стршлен?

***Неминовно е да знаеме дека во летните периоди природата е разбудена, ние се повеќе се
отвараме кон надвор, стануваме дел од природата која не ни припаѓа само нам, туку на целиот
животиински свет, особено инсектите. Треба да бидеме внимателни и да не се приближиме
премногу до гнездата на оси, пчели или стршлени или да внимаваме да не стапнеме на нив,
зошто може во одбрана да не нападнат. Тие ќе го сторат тоа само доколку се чувствуваат
загрозено. Кај некои луѓе самата средба со нив предизвикува паника, иако убодите од овие
инсекти, освен во многу ретки случаи, не се опасни по здравјето на човекот.
***Кои се тие ретки случаи? Тоа се луѓето алергични на својот отров кој влегува во телото преку
убод и во тој случај може да паднат во анафилактичен шок, кој може да резултира со смрт. Во
случај да имаме треска по убодот, потешкотии со дишењето, чувствуваме грчеви во мускулите и
повраќање или мачнина, веднаш треба да посетиме лекар.

***Ако сакаме генерално да го намалиме ризикот од убод на пчела, оса или стршлен,
следете ги овие совети:
1. да не се приближуваме до нивното гнездо
2. да не одиме боси по трева во жешки денови
3. да не носиме облека со светла боја (светла боја ги привлекува)
4. да не јадеме сочно овошје во нивна близина
5. ако некој инсект се приближи до нас, да не го туркаме или мавтаме со раце – ако сме
потполно мирни, пчела, оса или стршлен ќе исчезнат сами по себе.

***ПРВА ПОМОШ ако не касне пчела или оса:
Откако инсектот не убоде, нејзиниот убод останува во кожата, потребно е брзо да се отстрани
бидејќи постепено ослободува отров. По убодот од оса, пчела или стршлен убодот не останува во
кожата, но може да убоди неколку пати. Веднаш се јавува остра болка, црвенило, оток, горење и
чешање.
Првиот чекор по убодот
– Првото нешто што треба да направиме по убодот е да го изгребаме местото на убодот со нокт
или кредитната картичка, доколку ни останал во кожата. Ова ќе го намали ослободувањето на
токсини во вашата кожа
– Потоа местото на пункција го плакнеме со малку сапун и вода
– Ако имаме во близина коцки мраз, ставме на местото на убод за да ја ослободиме
непријатноста и печењето и да го намалиме отокот.
Но, се разбира, постојат и некои други добри природни решенија кои ќе го забрзаат
закрепнувањето од убод.

***Најдобри природни лекови за оток после убод

Есенцијалните масла од лаванда, камилица, босилек и лимонова трева се навистина одлични
сојузници кои помагаат во ублажување на симптомите на убоди.

Маслото се нанесува директно на местото на убодот (на пример масло од лаванда или камилица),
но најдобро е другите масла да ги мешате претходно со малку базно масло (маслиново, кокосово,
сончогледово).

Мед е одличен природен лек кој може да го забрза заздравувањето на раните и да го олесни
чешањето и болката после убод. Едноставно нанесете мала количина мед на отечената
површина, покријте ја со газа или завој (не стегајте го местото на пункција) и оставете да делува
околу еден час.

Сода бикарбона.Оваа популарна мулти практика во кујната може да ја ублажи болката,
чешањето и отокот, кои се најчестите симптоми на убоди од оса или пчела. Ставаме малку сода
бикарбона со вода за да добиеме густа паста и нанесуваме на местото на пункција. Ставаме газа
или завој над неа најмалку 15 минути. Доколку е потребно, ја повторуваме постапката.

Јаболковиот оцет содржи киселина што помага во ублажување на убодот и обезбедува
чувство на олеснување (исцедениот лимон има слично дејство). Потопуваме газа или чиста крпа
во оцет и нежно го триеме правејќи лесен притисок на местото на пункција.

Лукот и кромидот се одличен природен лек кој ја ублажува болката после убод. Земаме
чешне лук, го притискаме да се ослободи сокот и го нанесуваме на местото на убод. Наместо лук,
може да користиме и црвен кромид. Го сечеме на половина и нежно ја притискаме внатрешноста
да истече содржината на местото на пункција.

Масло од невен
Нежниот цвет од невен содржи антиинфламаторни соединенија и ја смирува иритираната кожа
склона кон иритација.
Нанесуваме мала количина од масло од невен на местото на инјектирање и за кратко време
болката и отокот ќе станат минато. Ова масло го забрзува заздравувањето на раните.

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лимонова трева

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

 

Масло од невен

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...