Најголемата заблуда е дека ОДМОР во лежечка положба, е лек за ублажување болки во грбот.
Напротив, кога имаме болка во грбот, телото треба да се активира. Одморот како лек за болки во
грбот се толерира до 48 часа, сè што е повеќе може да предизвика контра ефект. Ако мускулите
се неактивни, може да се појави депресија, слабеење на самите мускули, па дури и згрутчување
на крвта во вените на нозете.
Значи, првото нешто на што треба да се обрне внимание е редовното вежбање, а не одмор во
лежечка положба. Јогата е лек. Ајурведските третмани имаат голем ефект за ублажување на
болка во грбот и се секогаш добредојдени.
Третмани со глина одлично влијаат на болката во зглобовите. Во медицината глината се
користи и е од многу голема помош за болки. Богата е со минерални соли, алуминиум, калиум,
натриум, железо, бакар, сребро, олово и магнезиум.
***потребно е таа да се замеси како леб со оцет и малку вода. На сето ова се додава малку коприва.
Вака подготвената смеса се става во најлон, иако може да се користи и крпа. Болното место прво
се размачкува со маслиново масло и потоа се става подготвена компресија. Оваа постапка треба
да се применува седум дена по ред со цел болката целосно да исчезне.
Добри резултати се постигнуваат со третманот Пинда сведана и кремата против болки.




0 Comments