Што се случува во телото ако секојдневно пиеме две чаши вода наутро?
Водата е основен извор на енергија, кој влијае врз безпрекорно функционирање на телото.
Ајурведата советува да се консумира најмалку два литра вода во текот на денот. Овој
ритуал започнува со консумирање две чаши вода веднаш штом ќе се разбудиме.
– Здрава кожа
Водата му помага на нашето тело побрзо да се ослободи од токсините кои знаат да се исфрлаат
на кожата при недоволна хисо тоа и дава здравје на кожата. Консумирање вода наутро ја
подобрува циркулацијата и влијае на формирање на нови клетки, додека недостатокот на вода во
телото од друга страна влијае на појавата на брчки и подлабоки зголемени пори.
Прекумерна тежина
Кога консумираме поголемо количество вода, стануваме помалку гладни и немаме „напади на
глад“. Консумирањето вода наутро му помага на телото да ги исфрли токсините, а во исто време
ја стимулира работата на цревата.
Забрзување на метаболизмот
Пиење вода на празен стомак го забрзува метаболизмот за 24%. А со забрзување на
метаболизмот, нашиот дигестивен тракт побрзо ја вари храната. Исто така, водата ги чисти
цревата, што им олеснува на органите да ги апсорбираат хранливите материи од храната.
Здрава коса
Дали знаеме дека водата е 25% од тежината на едно влакно? Кога сме дехидрирани, косата ни
станува кршлива и тенка.
Ги ублажува киселините
Горушица може да предизвика зголемување на киселината во желудникот, како и киселински
рефлекс во хранопроводникот, а пиењето вода наутро ја враќа киселината во желудникот, така
што кога доручкуваме нема да ги чувствуваме симптомите на горушица.
Здрави бубрезите и мочниот меур
Киселината може да влијае и на појавата на камења во бубрезите. Затоа водата ја спречува оваа
појава чистејќи ги бубрезите. Исто така, пиењето вода му помага на телото да ги исфрли
токсините кои влијаат на воспалителните процеси во мочниот меур.
Јак имунолошки систем
Водата на празен стомак го балансира лимфниот систем, а стабилниот лимфен систем го
зајакнува имунолошкиот систем.
И што е најважно, овој лек е бесплатен 🙂
0 Comments