fbpx
Зголеми го фокусот со уџаи здивот на радоста
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Зголеми го фокусот со уџаи здивот на радоста

Зголеми го фокусот со уџаи здивот на радоста

by | Дек 16, 2020 | 0 comments

Без разлика дали сте почетник во јогата или сте напреден практичар, здивот на уџаи е моќна техника што можете да ја користите за да ја подобрите вашата секојдневна пракса. Дишењето уџаи за разлика од некои други форми на пранајами или вежби за дишење, може да се користи за време на практикувањето асани, како и за време на мирувањето – додавајќи нова димензија на редовната јога пракса.

Уџаи – здив на победа

Уџаи е санскритски збор што значи „оној што е победник“. така, овој здив значи „здив на победата“ или „победнички здив“. Ова е затоа што техниката носи чувство на воздигнување, моќ и самодоверба кај практичарот. За да го направите здивот, затворете ја устата и дишете длабоко низ носот. Додека го правите тоа, малку затегнете ги мускулите на задниот дел од грлото. Со тоа ќе се создаде ритмички, смирувачки звук на шумолење, кои смируваат и го фокусираат умот. Овој уникатен атрибут и го дава ова име на оваа техника на дишење: здив на океанот.

Интегрирањето на уџаи здивот во праксата ќе го продлабочи вашето искуство на јога матот. Заради своите големи придобивки оваа пранајама е вклучена во редовната програма и е дел од практикувањето во работилницата Програма на среќата што ќе се одржи овој викенд од 18-20 декември 2020

Барем пет придобивки од редовното практикување на уџаи:

Фокус
Медитативниот квалитет носи стабилност, звукот и длабочината на здивот уџаи помага да се смират умот, телото и душата со сегашниот момент, правејќи нè посамосвесни.  Кога тоа ќе се случи, менталната јасност и фокусот се зголемуваат, протокот на практикувањето јога е без напор, стабилен и е подобрена можноста во секоја од позите за подолг временски период.  Фокусирањето на здивот уџаи во текот на целата пракса, било да е тоа хата јога, шри шри или која било друга традиција ви овозможува да останете центрирани, заземјени и отелотворени сè додека ги држите мислите настрана.

Уџаи е длабока пранајама со далекусежни придобивки. Користете го уџаи здивот во вашата јога пракса и започнете да ја доживувате неговата моќ.

Добри резултати се постигнува кога се комбинираат со редовното земање ашваганда.

 

Ashwagandha

СЕМИНАРИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...