fbpx
Златните правила во ајурведата

Златните правила во ајурведата

by | Мар 1, 2021 | 0 comments

Применувајте ги златните ајурведски правила:

-Јадете секој ден во исто време

-Обидете се да јадете само свежо подготвена храна, а не да готвите за неколку дена однапред.

-Планирајте основен оброк за ручек кога дигестивниот оган (агни) целосно гори.

-Јадете мирно, во убава атмосфера, без брзање. Џвакајте го секој залак добро.

-Пред оброкот, смирете го умот, медитирајте и благословете ја храната.

-Не јадете ако сте лути или во лошо расположение.

-Во просек, потребни се три до шест часа помеѓу оброците. Во овој период, можете да јадете свежо овошје или зеленчук или да овошен сок.

-По јадење, одморете десет минути, а потоа продолжете со активност.

-Не пијте пијалоци за време на оброкот (особено газирани и ладни).

-Подгответе ја вашата храна што е можно почесто со вашата омилена музика и во друштво на вашите најблиски.

-Избегнувајте да читате весници и да гледате телевизија за време на оброците, фокусирајте се на храната

-Запомнете дека начинот на живот е прашање на избор

-Нашето тело е наш партнер кој ни е даден во овој живот. Важно е да ги градиме нашите односи со нашето тело врз доверба,љубов и почит.

-Треба да избереме храна не според калориите кои ги содржи, туку  според тоа како се чувствуваме после таа храна.

-Целосно да преземеме одговорност за нашето здравје, да направиме промени во нашата исхрана и да оствариме добра врска со самите нас. Правилниот начин на исхрана ќе ни помогне да живееме во хармонија со себе и да го одржуваме здравјето.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...