Физичкиот замор, произлегува од многу работа, многу обврски, додека менталниот замор е
резултат на премногу размислување, тешки животни моменти и ситуации, депресија и свесност за
обврските кои не достигнуваме да ги извршиме. Би било добро да правиме разлика помеѓу
физички и ментален замор, бидејќи средувањето на заморот е различно. Заморот е многу честа
појава, особено кај жени и мајки со работни обврски во домот и на работното место.
Како треба да се однесуваме кога ќе се појави заморот?
Свесност и препознавање дали заморот е физички или ментален.
Физичкиот замор произлегува од многу работа, присилно вежбање, многу обврски. Сè на сè
премалку одмор и премалку сон. Телото едноставно е физички исцрпено.
Менталниот замор е малку поинаков, тој е резултат на премногу размислување, тешки животни
моменти и ситуации, депресија и свесност за обврските кои не достигнуваме да ги извршиме. Ако
на самата помисла на нашите одговорности се чувствуваме уморни или имаме чувство на тежина
во животот, тоа е ментален замор.
За физички замор – потребен ни е сон, релаксирање, физички одмор, намалување на обврските
(што е можно повеќе). Телото ќе нè предупреди на ова со „кивање“ во некој сегмент.
Менталниот замор бара свесност, самосвест за она што ни е потребно да си го дозволиме себе
си и да се ослободиме од тоа што не мачи. Потребно е да се опуштиме и да правиме активности
што не прават среќни и креативни. Најмоќната техника за совладување ментален замор е да
веруваме дека зборовите се наше волшебно стапче и зборот „Морам“ да се замени со „Имам
шанса“. Навистина е моќна техника, која ја подига свеста и самодовербата.
Што е потребно да се излезе од менталниот замор:
– Самосвест и искреност кон себе
– Осознавање на причината за чувството на замор, кои се мислите, кои се обврските
– Прави ги работите колку можеш и да не ви е премногу ниту премалку
– Делегирање обврски и активности на другите во тимот
– Да се биде искрен со себе, дали се криеме позади обврските, од што бегаме, од самите
себе, од што?
– Разговарај со блискиот свој, што те мачи, не си сам, отвори се и ослободи го умот
Да смениме нешто, да го смениме ритамот, нов распоред на обврски кој ни одговара на
денот, нов пристап на нештата, секоја промена носи ново во нашиот живот
– Да си даденме одмор, медитација, да се повлечеме за момент од секојдневните
активности кои ни се преку глава, да си дадеме одмор на телото и мирна душата, да си
дадеме себе простор за нови нешта кои носат радост и животна енергија, наплив на
чувства и нова свесност која не искачува скала погоре во животот
– Што повеќе да бидеме во нашето омилено опкружување, во природа, со наше хоби,
прошетки и позитивни и креативни мисли
– Замена на зборот „Морам“ со „Имам шанса“
– Да дозволиме радоста да влезе во нашиот живот
– Благодарност за се што ни дал животот
И за крајот на краиштата знаеме дека сè, ама баш сè е решливо, исто е и со заморот! Но,
како?
Единствено, со редовно практикување ајурведски техники за самопомо, јога и техники за дишење.
При длабок ментален и физиќки замор ви предлагаме редовно земање Ашваганда.
И да не заборавиме…. љубов во поголеми дози 🙂
0 Comments