fbpx
Како да се храниме? Совети од др. Авишек Мишра
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како да се храниме? Совети од др. Авишек Мишра

Како да се храниме? Совети од др. Авишек Мишра

by | Сеп 17, 2020 | 0 comments

Kаква треба да биде нашата храна? Како да се јаде? Совети од реномираниот др. Авишек Мишра

Храната е нашиот живот. Ние примаме живот од храната. Но, ајурведата вели дека ако не се храниме според конституцијата на телото, сезоната и дошите, ќе предизвикаме некаква болест.

Треба да бидеме многу благодарни за храната што ја јадеме, вклучувајќи ги и луѓето кои ја подготвуваат храната, ја готват, ја произведуваат. Оваа благодарност ви носи позитивна енергија вам и истата благодарност носи позитивна порака до природата.

Јадете на мирно место, џвакајте ја храната правилно и доволно или во спротивно ќе предизвика киселост, надуеност, проблеми со варењето. Јадете секогаш помалку одколку што ви се јаде. Како што вели Ајурведата јадете половина од вашиот апетит, оставете една четвртина простор во стомакот за водата и една четвртина за движења на воздухот. Ова ќе ви даде добар имунитет и добро здравје.

Храната треба да ги содржи сите шест вкусови: слатко, кисело, солено, горчливо, луто и трпкаво (трпкавост каква што предизвикуваат на пример, танините во кората од калинка). Ако нашата храна ги содржи сите овие шест вкусови, тогаш таа се нарекува избалансирана храна или избалансирана исхрана.

Не пијте вода непосредно пред и после јадење. Ако сте жедни, тогаш е дозволено малку вода помеѓу јадењето за да ја поттурнете храната надолу. Ако храната била зачинета, тогаш се препорачува вода во мала количина. Ако пиете полна чаша (или повеќе чаши) вода после јадење, ова ќе го ослабне или разреди вашиот дигестивен оган (дигестивните ензими) и нема да може доволно да се вари храната. Подоцна ова создава метаболички нарушувања, дебелина, дијабетес, покачување на холестерол или слабо варење, гасови, киселост, главоболка, замор итн.

Вечерата треба да биде лесна и да не се јаде многу доцна. Треба да се јаде пред заоѓање на Сонцето. Сонцето го одржува добро варењето на храната, но кога Сонцето ќе зајде дигестивниот оган станува слаб. Ако не сте гладни, прескокнете ја вечерата. Вечерата и храната следниот ден, не се задолжителни, појадокот не е задолжителен. Според Ајурведата треба да се одржува растојание помеѓу два оброка. Не јадете и не грицкајте храна преку целиот ден, оваа навика ќе ги збуни панкреасот и црниот дроб и ќе предизвика метаболички нарушувања.

Па, каква треба да биде нашата храна? Како да се јаде? Сите овие работи се многу важни. Храната е живот. Кога се конзумира правилно, ќе се зголеми животната енергија(прана оорџа). Во спротивно поради неправилно хранење се јавуваат болести. Значи, ако ги имате предвид овие работи додека јадете, дефинитивно ви носат здравје.

Споделете корисни содржини со своите најблиски 🙂

 

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...