Состојки :
250 мл кокосово или ги масло
450 гр цврст тофу
350 гр кафеав шеќер или друг засладувач но не мед
кора и сок од 2 лимони (органски одгледувани)
550 гр брашно
1 лажичка сув квасец
1 лажичка прашок за пециво
450 гр сливи, исечени на парчиња
глазура со лимон или портокал и малку кардамом
Состојки за глазура:
225 гр кокосово масло
125 мл мед
2 лажици млеко
сок од 2 лимони или 3 портокали
Подготовка:
-Ставете масло, тофу, шеќер и сок од лимон во миксер и мешајте додека смесата не стане
кремаста и мазна.
-Ставете ја смесата во сад, додадете просеано брашно, квасец и прашок за пециво, а потоа
измешајте кора од лимон и сливи.
-Загрејте ја рерната на 180 ° С. Премачкајте калап за торта со дијаметар од 24 см со масло и
обложете го дното со хартија за печење.
-Наредете ја смесата во плех за торта и печете околу 60 минути (најмногу 75 минути)
-Оставете тортата да се излади и подгответе го преливот во ова време.
-Изматете го маслото од кокос со жица за матење или во миксер. Постепено, една по една,
додајте ги и останатите состојки за полнење.
-Извадете ја тортата од калапот и прелијте ја со преливот пред сервирање.
*На здравје*




0 Comments