fbpx
Како на ајурведски начин да се ослоободиме од зависноста од алкохол
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Како на ајурведски начин да се ослоободиме од зависноста од алкохол

Како на ајурведски начин да се ослоободиме од зависноста од алкохол

by | Апр 16, 2021 | 0 comments

Како на природен начин да се ослоободиме од зависноста од алкохол
Поради животните разочарувања, друштвен тренд, трагичен настан, секојдневна вообичаена
досада се случува да навлеземе во зависност од алкохол и ова повремено задоволство полека да
се претвори во наша трајна состојба, така што повеќе не можеме да го замислиме животот без
капка? Кога внесувањето алкохол со текот на времето прераснува во вистинска зависност,
животот се претвора во кошмар од кој тешко се излага.
Поради зависност од алкохол, многумина ги губат своите работни места, семејството,
пријателите, здравјето, волјата за живот и на крај се запаѓа во тешка депресија. Алкохолот има
негативен ефект не само на нашето физичко, туку и на менталното здравје.
Зависноста од алкохол значително го зголемува ризикот од болести како што се хипертензија,
гастритис, разни видови на канцер, заболувања на црн дроб, психо-физичко и ментално здравје.
Во француски медицински истражувања од 2018 година, откриена е силна врска помеѓу
зависноста од алкохол и рана деменција (први симптоми пред 65-та година од
животот).Секојдневно, редовно консумирање алкохол го крати животот 20 години.
природни решенија, препарати и методи можат да ви помогнат да се ослободите од оваа крајно
грда навика.
Еве неколку чекори кои ќе ви помогнат да се ослободите од оваа крајно грда навика:
* отстранете го целиот алкохол од вашиот дом
* започнете да пишувате дневник, ставете ги на хартија своите мисли и чувства
3. консумирајте што повеќе вода и здрав смути
* најдете време за хоби или активност што ве прави најсреќни
* опкружете се со луѓе кои ви се добра поддршка
* поминете го слободното време во природа или бидете во друштво на животни
* најдете начин да се опуштите и да го ослободите стресот
* поставете си цели: на пример, кога е почетокот на откажување од алкохол?… колку дена се
откажуваш?..за време на викенд, за една недела или две, а потоа постепено продолжувајте го
периодот? Дај си време кога би сакал да бидеш целосно трезен и свесен.
*Израчунајте колку пари ви биле потребни за го поминете денот налевајќи се со алкохол?
Запишете го износот на хартија и честопати погледот вратете го и видете колку вреди убиството
на сопствениот живот. Наведете колку пари би заштедиле и колку би било посреќно вашето
семејство доколку престанете да конзумирате алкохол.
*Запишете како сте се чувствувале после консумирање на дневната доза алкохол, како сте се
чувствувале кога сте биле мамурни, каков бил односот со околината, со блиските, како сте
влијаеле на вашето семејство, пријателите и соработниците. Размислете дали алкохолот
навистина ги решил сите ваши грижи или само ги продлабочувал уште повеќе.
*Испробајте некои здрави препарати и методи кои ќе ви помогнат не само да го исчистите
телото од токсини, туку и да го ублажите стресот и да се поврзете подобро со себе.
Чај што создава аверзија кон алкохол
Овој билен чај може да ви помогне да престанете да консумирате алкохол. Комбинацијата на
билки како што се мајчина душица, ајдучка трева и пелин делува создавајќи аверзија кон
алкохолот.
Подготовка:
Измешајте мајчина душица, ајдучка трева и пелин во еднакви размери. Ставете 15 гр од оваа
смеса во сад и прелијте ја со 200 мл врела вода.
Цврсто затворете го садот и завиткајте го во некоја топла волнена ткаенина. По 2 часа, процедете
и земете 1 лажица четири пати на ден.
Земете ја оваа мешавина подолг временски период, сè додека вашата желба за алкохол целосно
не исчезне.
Природни сокови
Заменете ги алкохолните пијалоци со природни свежо исцедени сокови што ќе ги подготвите дома. Таквите здрави пијалоци, кои се богати со антиоксиданти, витамини и минерали, ќе ја
задоволат вашата желба за алкохол. Соковите ќе му помогнат на вашето тело и црн дроб да
почнат да се чистат од токсини.
Пијалок од урми е исто така одлична идеја за секој што се бори со зависност од алкохол.
Ставете неколку урми во чаша вода и оставете ги да киснат околу еден час, а потоа изматете ги
во вода. Пијте го овој здрав пијалок двапати на ден, два месеци.
Сок од морков
Сокот од морков може да биде голема помош при одвикнување од алкохол. Морковот содржи
многу витамини и хранливи материи кои имаат корист за вашето здравје и го чистат организмот.
Секогаш кога чувствувате желба за алкохол, едноставно земете свеж сок од неколку моркови и
пијте.

Многу добри резултати се постигнуваат кога редовно се зема Ашваганда

 

Ashwagandha

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...