fbpx
Користете Амла за балансирање на дошата
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Користете Амла за балансирање на дошата

Користете Амла за балансирање на дошата

by | Сеп 18, 2020 | 0 comments

Амла е дрво што расте во Централна и Јужна Азија. Медицината денес ги потврди антиоксидантните својства на плодовите Амла и нивниот придонес во здравјето на црниот дроб и предвременото стареење.
Амла е природен хербален прав се добива од плодот на Emblica Officinalis. Плодот е многу корисен и е со висока содржина на витамин Ц, а во Ајурведата се користи како природен антиоксиданс. Во форма на прав, таа има примена и во природната нега на косата и кожата.
Амла е исто така многу популарна во традиционалната медицина во (Ајурведа), каде што таа се користи за лекување на бројни болести.

Амла за биланс на Вата доша

Ако имате дисбаланс на Вата, како: болести на зглобовите, проблеми со гасови, тогаш Амла таблета истолчена во прав може да се земе заедно со масло од сусам. Количината може да биде во сооднос: една кафена лажичка амла со две лажички масло од сусам. Ако не ви се допаѓа вкусот на масло од сусам, можете да направите паста од амла во прав и масло од сусам и да го проголтате со топла вода.
1 лажичка сув прав од Амла се меша со лажичка масло од сусам и се консумира со млака вода. Тоа е затоа што, обично по консумирањето на масло од сусам, се препорачува млака вода за подобро варење.

Вечер е време кога Вата дошата е подоминантна. Значи, за да се балансира оваа доша, овој лек може да се земе навечер.
Доколку е потребно, 100 грама прашок добиен од таблети Амла може да се направи во комбинација со 100 мл масло од сусам. Се меша темелно и чувајте го во стаклена тегла. Кога и да е потребно, земете 1 – 2 лажички и истата може да се консумира.

Амла за биланс на Пита доша

Ако сакате да постигнете рамнотежа на Пита доша, имате проблеми со варењето на храната или некои проблеми поврзани со кожата, акни, земете Амла заедно со ги масло (растопен путер). Дозата може да биде – една лажичка Амла истолчена во прав со една лажичка ги. Проголтајте го со чаша топла вода.
1 лажичка сув прав од Амла се меша со лажичка ги и се консумира со млака вода. Тоа е затоа што, обично по конзумирање на ги маслото, се препорачува млака вода за подобро варење.

Бидејќи ги маслото и Амла ја балансираат Пита, попладне е најдобро време да се администрира овој лековит напиток. Попладне е време на доминација на Пита.
Доколку сакате да направите поголема количина одеднаш:потребно е 100 грама сув прашок Амла. а може да се направи во комбинација со 100 грама ги масло. Се меша убаво и се чува во стаклена тегла. Кога и да е потребно, може да се консумира оваа доза по 1-2 лажички.
Имајте на ум дека ако се земе прекумерно од ова лековито масло, може да предизвика мало зголемување на телесната тежина.

Амла за рамнотежа на Кафа доша

За рамнотежа на Кафа доша, за болести како дебелина, респираторни заболувања итн., може да земете Амла заедно помешано со мед.
Ако оваа комбинација не можете да ја консумирате, можете едноставно да додадете амла во прав во вода и да го пиете како такво. Меѓу другите корисни влијанија врз телото, Амла со мед поттикнува губење на тежината.

Третман кој лесно ги балансира сите три доши е Абјанга

Квалитетна органска Амла можете да набавите кај нас.

Доколку не сте сигурни за вашата доша и дисбалансот кој го имате во телото направете преглед кај нашиот ајурведски доктор.

 

Абјанга

Amla

Вата

Питта

Кафа

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...