Како да се намали болката на природен начин
Ајурведата вели:
„Патот на мудрите не е да обезбедиш задоволство, туку да ја излечиш болката“.
Ајурведата ја дефинира болката како состојба која настанува како реакција на повредени или
воспалени ткива произведувајќи низа хемикалии кои преку нервниот систем испраќаат сигнал до
мозокот. Овој сигнал мозокот го регистрира како болка.
Болката е состојба која никој не ја посакува од причина што носи психички проблеми, намалена
енергија и фокус за извршување активности, нефункционалност, проблеми со спиењето,
депресија, немир, ослабен имунитет, проблеми во комуникација и лошо расположение.
Па затоа некои од нас веднаш бараат решение во аптеките. Научниците сè уште не знаат точно
како работат аналгетиците.
-Различни видови на аналгетици работат на различни начини. Се смета дека аспиринот и другите
нестероидни антиинфламаторни лекови (ибупрофен на пример) дејствуваат на таков начин што го
блокираат ензимот одговорен за создавање на хемикалиите што предизвикува воспаление.
-Парацетамолот, пак, делува директно во мозокот блокирајќи го производството на хемикалија
што предизвикува болка – простагландини.
Иако се многу ефикасни, конвенционалните аналгетици, тие имаат голем број на несакани ефекти
доколку се користат често. Сите тие можат да предизвикаат дигестивни проблеми, особено
аспирин, кој силно ги иритира sидовите на желудникот.
Продолжената употреба на аспирин може да предизвика пептичен улкус, додека ибупрофенот
предизвикува воспаление на тенкото црево и синдром на „спукан црево“.
Синдромот “испукано црево” е состојба во која низ цревата почнуваат да протекуваат молекули на
протеинот што не се вари. Овој синдром е поврзан со голем број автоимуни и воспалителни
болести.
Нестероидните антиинфламаторни лекови можат да ги забрзаат дегенеративните промени во
зглобовите на луѓето кои страдаат од артритис.
Продолжената употреба на нестероидни антиинфламаторни лекови исто така може да предизвика
оштетување на бубрезите.
Една студија неодамна спроведена во Англија покажува дека една од 15 хоспитализации се
јавува поради несакани ефекти на лекови, најчесто аспирин и други нестероидни
антиинфламаторни лекови.
Бидејќи болката е многу честа појава денес, не е изненадувачки што Ајурведската медицина нуди
плејада на совети и решенија за користење на билки, ајурведски третмани, техники за дишење,
одмор, релаксација и природни лекови за намалување и отстранување болка.
Куркума
Куркумата содржи специјална состојка куркумин која е моќен лек за болка и ревматско воспаление. Куркумата може да се користи успешно наместо нестероидни антиинфламаторни
лекови без никакви негативни здравствени ефекти.
Откриено е дека куркуминот спречува невротрансмитерот P да испрати сигнал за болка до
мозокот. Исто така, спречува воспаление на таков начин што ја намалува активноста на
простагландин.
Вообичаената доза е 400-600 мг куркумин три пати на ден. Куркумата може да се зема заедно со
бромелаин. Користете редовно земање на куркума во прав и тинктура од куркума.
Доколку сакате куркумата да ја нанесувате локално можете од нејзе да изработите паста или путер за тело.
Ајурведски путер за лице и тело со додаток на масло од коноп




0 Comments