fbpx
Лековитите својства на лавандата

Лековитите својства на лавандата

by | Авг 20, 2020 | 0 comments

Покрај тоа што е миризлив мелем за очите и носое, миризливите виолетови цвеќиња можат да послужат како практичен природен лек за целото тело

Дури и во форма на есенцијално масло, лавандата е безбедна за бебиња и деца.
Благодарение на состојките како што се линалол и линалол ацетат, лавандата ги смирува нервите, го подобрува спиењето, го крева расположението, ја ублажува болката, го забрзува заздравувањето и има антибактериски ефекти.
Можете да подготвите мирисен чај од неколку капки од нашето органско есенцијално масло, а исто така можете да го додадете во омилените јадења и десерти.

Придобивки од користењето есенцијално органско масло од лаванда:

Помага при вознемиреност и депресија: лавандата има седативно дејство (смирува), го подобрува расположението и делува како анксиолитик (ја ублажува вознемиреноста).
Го подобрува спиењето: лавандата го подигнува квалитетот на сонот – со својот мирис во собата наутро ќе се разбудите освежено и одморено.
Ја намалува раздразливоста: лавандата се поврзува со невротрансмитерот наречен ГАБА и со тоа го смирува нервниот систем, ја намалува иритацијата, лутината, агресијата и немир.
Олеснува убоди и го забрзува заздравувањето на раните: ова моќно растение ги намалува иритациите на кожата, чешање од каснувања од инсекти или убоди и сончање или други изгореници.
Ја храни кожата: благодарение на антиинфламаторните својства и антиоксидантното дејство, лавандата е одличен избор за нега на кожата затоа многу го користиме во нашите производи за нега на кожа.
Стимулира раст на косата: лавандата го стимулира растот на косата и ги храни фоликулите на косата.

И што е најважно нашата лаванда е со потекло од Македонија, затоа не двоеумете се да си ја набавите и да биде дел од домашната аптека.

 

МАСЛА

 

Ајурведско органско есенцијално масло – лаванда

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...