Овие лесни вежби за вратот прават чуда
Само четири вежби, кои на прв поглед изгледаат банални, ја затегнуваат кожата на вратот со редовно вежбање, го нормализираат спиењето, ја елиминираат болката во цервикалниот дел од ‘рбетот и главоболки. Јога вежба за вратот придонесува за подобрување на циркулацијата на крвта и ја намалува напнатоста, а ќе заштедите трошоци за скапо лекување, физикални терапии и превенирање од болки. Немојте да бидете мрзливи и одвојте само неколку минути дневно за здравјето и убавината на телото!
Лесни движења за вратот
♦ Седнете удобно, исправете го грбот и држете ја главата исправена и во центар – ова е почетната позиција. Ставете ги рацете, прстите испреплетени, на задниот дел од главата и навалете ја главата малку напред. Потоа, со отпор на рацете, вратете ја главата во првобитната положба, избројте до 30 и опуштете се. Потоа повторете го сето тоа. Кога ќе ја правите вежбата пред огледало и ќе видите како се движат мускулите на вратот, ќе ви стане јасно зошто овие вежби се толку ефикасни.
♦ Заземете ја почетната позиција, потоа навалете ја главата малку и ставете ја дланката од левата рака на десното уво. Свиткајте ја главата малку кон левото рамо, а потоа, со отпор на раката, обидете се да ја вратите главата во првобитната положба. Бројте до 30 и опуштете се. Повторете ја вежбата уште еднаш, а потоа повторете ја сето тоа од другата страна.
♦ Седнете на стол и потпрете ги рацете на седалниот дел. Грбот треба да биде исправен. Потоа истегнете го грбот, навалете ја главата колку што е можно повеќе и избројте до 30. Вратете се на почетната позиција, а потоа повторете ја вежбата уште еднаш.
♦ Заземете ја почетната позиција како во првата вежба. Свртете ја главата налево и погледнете преку рамото. Пребројте до 30, а потоа вратете се на почетната позиција. Направете ја вежбата уште еднаш, а потоа повторете ја од другата страна. Гимнастика за вратот, неверојатно едноставна, но исклучително ефикасна! Само обидете се да не бидете мрзливи, туку да вежбате редовно, секој ден.
Наградата е еластичен врат и убаво деколте 🙂
Научете практични вежби од нашите јога инструктори на редовните јога часови.
Редовно практикувајте Абјанга.
При поголеми проблеми нанесете ајурведски спреј за ублажување на болките или ајурведски мелем за болки.
Фото: Фрипик
0 Comments