fbpx
Направете си здрави ѓумбирови божиќни колачиња
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Направете си здрави ѓумбирови божиќни колачиња

Направете си здрави ѓумбирови божиќни колачиња

by | Дек 23, 2020 | 0 comments

РЕЦЕПТ : (за 12 колачиња)

Состојки:
2 чаши мелен овес или брашно од овес (200 гр)
1/4 чаша скроб од тапиока или пченкарен скроб (30гр)
1 лажиче мелен цимет
1 лажиче мелен ѓумбир
1/4 лажиче мелено оревче и кардемом
1/4 лажиче мелено каранфилче
1/4 лажиче сол
1/2 лажиче сода бикарбона
1/4 чаша јаворов сируп (60 ml)
2 лажици незасладена јаболка
1 лажиче екстракт од ванила
1 јајце

Енергетска вредност (по колаче):
97 калории, маснотии 1,4гр, јаглехидрати 18,4гр, протеини 2,5гр
Глазура:
2 лажици крем од кокос
2 лажици екстра девствено масло од кокос
1/2 лажици скроб од тапиока
1/2 лажици шеќер во прав од кокос

Подготовка:
Во сад со средна големина измешајте ги сувите состојки, овесот, тапиоката, циметот, ѓумбирот, морското оревче, каранфилчето, солта и сода бикарбона. Оставете го на страна.
Во друг сад, додадете јаворов сируп, сосот од јаболка, екстракт од ванила и јајце или лен. Убаво изматете го.
Пренесете го тестото на работна површина и нежно замесете топче. Обликувајте во форма на диск, завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер 1 час да одмори.
Помешајте ги сувите состојки со влажните состојки, и користете дрвена лажица додека го мешате тестото.
Печете ги колачињата на температура од 180 Ц 8-10 минути.
Кога ќе се олади, ставете го тестото помеѓу две парчиња хартија за печење во посакуваната дебелина.
Формирајте ги колачињата со вашиот омилена модла за колачиња и редете ги колачињата на обложениот плех за печење.

Уживајте!
Оставете го да се олади во плехот 5 минути, а потоа префрлете на студено место.
Кога целосно ќе се олад, декорирајте со растопено темно чоколадо или со оваа здрава глазура.

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...