Направи си вкусен природен сок од портокал и кардамом
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • Направи си вкусен природен сок од портокал и кардамом

Направи си вкусен природен сок од портокал и кардамом

by | Dec 24, 2021 | 0 comments

Еве една одлична идеја за вкусен пијалок кој може да го направите за брзо време, со овошје кое
го има во овој период од годината во изобилие, 100% е природен, полн витамин Ц и што е
најважно не одзема многу време и енергија во приготвувањето. Отпад не останеува, бидејќи од
преостанатите остатоци од портокали може да направите вкусен џем или слатко.

Сок од портокал:

– 4 до 6 портокали
– 1 кг кефеав шеќер или мед (половина тегла)
– 30 g сок од лимон
– 9 литри вода

– 1 лажица кардамом
Подготовка:
– Портокалите измијте ги, прелијте ги со зовриена вода (да се отстрани горчината),
избришете ги и ставете ги во замрзнувач час до два.
– Се вадат од замрзнувач, се сече и се мелат на мелница за месо. Смесата прелијте ја со 3
литри вода (филтрирана или зовриена и изладена). Оставете да отстои десет минути.
Процедете низ сито.
– Во исцедениот сок додадете 6 литри вода, шеќер, сок од лимон и кардамом. Добро мешајте додека не
се раствори шеќерот (а можете да го оставите да отстои еден час). Префрлете се во
шишиња или тегли. Вашиот вкусен сок е подготвен за употреба!
Бидејќи лимонот е природен конзерванс, сокот може да се чува во фрижидер до една недела.
Секако, количината на сокот може да се прилагоди со намалување или зголемување на
количината на состојки.
За подготовка на овој сок ви треба околу еден час.

Уживајте во здравиот и освежителен пијалок 🙂

 

 

Органски кардамом во прав 200гр

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...