fbpx
15 психолошки трикови за подобра комуникација
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 15 психолошки трикови за подобра комуникација

15 психолошки трикови за подобра комуникација

by | Дек 24, 2021 | 0 comments

Психолошки трикови за олеснување на животот и справување со стресни ситуации.

1. Кога група луѓе се смеат, доаѓа до ослободување и зближување, секој со некој кој го чувствува
најблизок и сроден по душа.
2. Ако си нервозен, земи нешто во уста, може и мастика за жвакање, било што ќе ни го тргне
вниманието и ќе го замае умот, намалувајќи ја нервозата. Така не чувствуваш опасност и трема.
3. Ако некој ти се налути и гласно те напаѓа, обиди се да останеш смирен и равнодушен. Личноста
веројатно уште повеќе ќе се налути, но подоцна ќе се засрами од себе и ќе стане мирна.
4. Доколку некому поставиш прашање и тој ти даде воздржан или делумен одговор, одржи го
контактот со очи и замолчи, не продолжувај со прашања. Во истиот момент соговорникот ќе сфати
дека вистинскиот одговор не е даден, не е доволно искрен и самиот ќе продолжи да станува мек и
природен.
5. Емоционалното изразување е еден од начините на создавање емоции. Ако сакате да се
чувствувате среќни, насмејте се колку што можете повеќе.
6. Кога говориш, не вели никогаш „мислам “ или „верувам “. Звучи како да ти недостасува
сигурност и самодоверба.
7. Кога треба некому да направиш интервју, замисли дека сте стари пријатели кои одавна не се
виделе. Биди опуштен и близок, така ќе можеш да извлечеш најдобро од оној кој го интервјуираш.
8. Ако си среќен, непосреден и возбуден, во средба со некого, следниот пат кога ќе те види,
веројатно и тој ќе биде опуштен, природен, срдечен и посреќен. (Кучињата го користат овој трик
цело време!)
9. Луѓето се повеќе склони да направат помала услуга ако веќе одбиле да ви направат поголема
услуга.
10. Многу од физичките сензации на стресот се исти како сензациите кои ја одредуваат
позитивната возбуда ( отежнато дишење, забрзано чукање на срцето итн.). Ако го смениме ставот
и стресните ситуации ги гледаме како предизвик, стресот ќе се претвори во позитивна возбуда.
11. Повеќето луѓе не можат да ја видат разликата помеѓу мајсторството и самодовербата. Ако сте
сигурни во тоа што го правите, ќе може да привлечете луѓе околу себе.
12. Ако работите во служба со корисници, ставете во просторот огледало зад себе. Клиентите ќе
бидат пољубезни затоа што никој не сака да се гледа себеси како безвезњак.
13. Ако сте на состанок и очекувате некој да ве нападне или терети за нешто, седнете близу таа
личност. Така ќе се се намали негативната вибрација и желба за судење, ќе се ублажи
нетрпението и ќе се чувствувате по безбедно. Во најмала рака, тој некој ќе го ублажи својот
отровен убод.
14. Кога одите на прв состанок, одведете го вашиот потенцијален партнер на возбудлив простор.
Просторот ќе ве поврзе, ќе ве ослободи и ќе ви создаде возвишено незаборавно чувство.
15. Кога ќе сретнете некоја личност, обидете се да ја забележите нејзината боја на очите. Луѓето
претпочитаат луѓе со кои можат да имаат подлабок и подолготраен контакт со очите, луѓе со кои
се гледаат во очи додека зборуваат, споделуваат и контактираат. Тоа е контакт со вистината.

Наравоучение:  При секој неочекуван претрпен страв, стрес, вознемиреност, напнатост, немил настан или психичко оптоварување важно е да се употребува превентивна терапија за да бидете заштитени од понатамошните последици од посериозни нервни растројства и болести. Практикувајте редовно јога и техники за дишење.

 

ШРИ ШРИ ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...