fbpx
Обновете го нервниот систем со #Ashwaganda
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Обновете го нервниот систем со #Ashwaganda

Обновете го нервниот систем со #Ashwaganda

by | Јул 7, 2020 | 0 comments


Според Ајурведа, со нашиот нервен систем, како и нашата креативност, управува #вата дошата.

Вата доша е како ветер – лесна, брза, променлива и подвижна.

Потребна и е стабилност и движење за да биде ефективна и креативна.

Ако ја изгуби рамнотежата, во нашето тело се појавуваат хроничен замор, исцрпеност, вознемиреност, губење на енергија, депресија и креативни блокади.

Затоа, клучно е да ја одржуваме рамнотежата на нашиот нервен систем, особено во време на зголемен стрес.

Здравиот нервен систем бара ментална стабилност и креативен импулс, а за ова може да помогне 🌿 кое сè уште е на врвот со лековитите својства, како што е ашваганда.

Лековитите ефекти на ашвагандата

Ashwagandha (withania somnifera) е ајурведска 🌿 позната и како индиски женшен.

Ајурведската расајана – тоник за подмладување на телото, е многу ценета.

Се користи за разни видови на болести, особено како тоник за нервниот систем.

Ашваганда се смета за една од најдобрите билки за подмладување во Ајурведата.

Адаптогена е, лесно се прилагодува кон секој организам и му го дава токму тоа што му е потребно.

Редовната употреба на ашваганда помага во санирање на сериозни проблеми со нервниот систем и исцрпени надбубрежните жлезди.

Во Ајурведата, ашваганда е познато дека има 3 главни дополнителни својства: ја зголемува сексуалната желба (ваникара), го подмладува телото (расајани) и ја зголемува силата (баја). Употреба на ашваганда

Прашок од корен од Ashwagandha се користи кај третманот на ревматска болка, воспаление на зглобовите, нервни нарушувања и епилепсија.

Се користи како тоник за настинка, кашлица, како седатив и тоник за мозокот.

Хербалното масло за масажа.

 

Ashwagandha

 

ТРЕТМАНИ

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...