Ашваганда или индиски жен-шен
Во ајурведската медицина, оваа адаптогена билка покрај големиот број добри влијанија врз телото се користи и за намалување на зависност од
алкохол. За време на фазата -откажување од алкохол, ова растение ја намалува вознемиреноста и придонесува за подобар квалитет во спиењето.
Се препорачува да се консумира една таблета два пати на ден од 500мг.
Јога и медитација
Вежбањето јога и медитацијата се клучни во ослободување од зависност. Секоја форма на
физичка активност, вклучително и јога асани, ќе ви помогне подобро да се поврзете со
сопственото тело. Благодарение на вежбите, ќе се вратите кон сопственото тело и ќе започнете
да го доживувате како еден вид храм каде што живее вашата душа. Тогаш консумирањето
алкохол нема да биде нешто природно и прифатливо за вас. Медитацијата е исто така одличен
начин да се опуштите и да се поврзете со себе. Претворете го седењето во тишина во ритуал што
ќе го практикувате, наутро или навечер, непосредно пред спиење. Во таа тишина, само следете ги
вашите сопствени мисли и чувства … Ако се појави желба за алкохол, само пропуштете го нека
помине низ вас. Благодарение на навиката да седите во тишина и медитација, ќе сфатите дека
веќе имате сè што ви треба во вашето битие и дека ништо надвор не може да ви даде среќа и
исполнување, а најмалку алкохолот.
0 Comments