Сезона е на вата доша.
Ајурведата е за постојан ребаланс на себеси, вклучувајќи сезонски измени во нашата диета и начин на живот за да се постигне оптимално здравје и благосостојба.
Есента и почетокот на зимата се ближат, а со тоа ја влошуваат вата дошата, која се состои претежно од воздушни елементи. Студ, сувост, грубост, раздвиженост и суптилнист се типични вата квалитети, со горчлив, лут и адстрангенти вкусови што можат да се влошат.
Сезонската рутина е важна за сите доши, но бидејќи ова е ветровито време и преовладува сувоста на вата дошата, секој со доминантна вата доша, внимавајте! Ова е навистина важно за вас. Висока вата доша мора да се смири со употреба на: топли, масни, глатки и стабилни квалитети. Земјата и водните елементи помагаат во поттикнување на намалената вата, а слатките, киселите и солените вкусови можат да ја смират ватата.
За полесно влегување во оваа вата сезона, нежно започнете да ја менувате диетата кон потопла, и по малку зачинета храна. Вата е сезона за негување – негувајте го вашиот ум и тело со топли супи, чорби и каши. Бидете сигурни дека јадете доволно житарки, млечни производи и масло. Исто така, започнете да воведувате повеќе и почесто надворешни аплицирање на топло масло во утринските и вечерните рутини, како што се: абјанга, самомасажа и насја масло за нос. Настојувајте да одржувате редовен оброк и рутина за спиење. Обидете се да го забавите премногу активниот живот со смирување на умот со практики на јога, нади шодана и со намалување на силните звуци од надвор.




0 Comments