fbpx
Причини за заболувањата во ајурведа
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Причини за заболувањата во ајурведа

Причини за заболувањата во ајурведа

by | Јун 25, 2020 | 0 comments

Ајурведата ја проучува етиологијата (причината) и патогенезата на заболувањата на клиентот.
Препораките вклучуваат  природен начин на живот и исхрана на клиентот, билни суплементи, јога, медитација, лековити протоколи, #Abhyanga (терапевтска масажа), Shirodhara (терапевтско налевање и топол проток на лековити масла на челото) или Марма ( вид на допирна и рефлексна терапија)
Ајурведата ги вклучува сите 8 традиционални насоки во јогата, вклучувајќи асани, пранајама и медитација.
Еве едноставен водич за тоа како Вата, Пита и Кафа дошите ги манифестираат своите елементи и какви предлози дава јогата за секој од нив да остане избалансиран или да се справи со не рамнотежата во телото.
⛑️Луѓето со Вата се: брзи, слаби, несигурни, креативни и уживаат во движењето. Тие може да  практикуваат асани лежечки на под како: Падмасадана (медитативна секвенца која можете да ја научите на семинарот овој викенд од 26 до 28 јуни), балансирачки пози како планина или дрво пози, ‘рбетни усукувања (со фокус на здравјето на дебелото црево и  поттикнување на #Агни), нежни свиткувања напред и продолжена Шавасана (поза на мртовец)
⛑️ Луѓето со Пита имаат тенденција да бидат: водичи, амбициозни, интелектуални и храбри, со средна градба и  одмерен говор.  Препорачуваме да се оладат, опуштат,  јога пред изгрејсонце, без напор, медитативна Падмасадана,  свиткување кон напред, бавни, медитативни поздрави на ☀ и усукувања на ‘рбетот.
⛑️ Кафа луѓето се опуштени, расположени, стабилни, сакаат и негуваат.  Препорачуваме: активна јога, вклучително и моќни поздрави на ☀, стоечка и усукувачка јога и честа промена на рутината.
Нема ограничување во старосната граница за практикување јога и не е потребна да се бара дозвола од својот лекар, а доколку сте почетници, работите со обучен професионалец за јога.
Луѓето кои практикуваат долготрајна јога  имаат помалку хронични заболувања, полесно се враќаат во рамнотежа и имаат повисока Сатва Бала (ментална јачина). Повеќето вљубеници во ајурведата секојдневно практицираат јога, и затоа препорачуваме сите да ја вметнат јогата во нивните секојдневни животи.
https://ayurveda.mk/%D0%B0%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B3%D0%B0/

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...