Храна – лек за добро расположение
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Храна – лек за добро расположение

Храна – лек за добро расположение

by | Oct 8, 2021 | 0 comments

*Дали сме често нервозни и раздразливи?

Дали ни е тешко да се концентрираме на работа?
За вакво расположение често ги обвинуваме стресот и времето во кои живееме?

Но, залудно е да ја бараме причината за нашата раздразлива состојба. Кога се чувствуваме лошо, веднаш треба
да преземеме чекор за промена на храната која ја консумираме, бидејќи погрешната храна исто
така може да биде одговорна за лошото расположение и нервниот систем. Најважно е да не
забораваме дека храната не е одговорна само за килограмите, туку и за нашето расположение.
*Ако подолго време дека сме незадоволни, раздразливи, па дури и депресивни, веднаш мора да
ја смениме исхраната. Докажано е дека храната влијае на расположението и квалитетот на
нашиот живот?
*Направи си појадок за добар почеток и добра концентрација
Постојат студии кои докажаа дека луѓето кои не појадуваат губат концентрација во средината на
денот и не се ефикасни. Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе
денот. Ако сакаме да бидеме сконцентрирани, не треба да се избегнува појадокот. Идеално
време за првиот дневен оброк е во првиот час по будењето. Ако навистина не можеме
веднаш да јадеме пообилна храна, земаме овошје кое ќе ни ја обезбеди потребната енергија.
*Дали знаеме дека јаглехидратите ја смируваат раздразливоста и нервозата?
Честопати наутро се чувствуваме нервозни, но не може точно да ја одредиме причината на оваа
наша состојба? Медицината и науката докажаа дека храна која содржи мало количество јаглени
хидрати предизвикува немир и нервоза. Имено, недостатокот на доволна количина јаглени
хидрати предизвикува намалување на серотонинот во телото, хормонот одговорен за
доброто расположение. Ако сакаме да ја намалиме нервозата и немирот, потребно е да ја
збогатиме исхраната со храна како (интегрален, пченкарен и ржен)леб, тестенини и ориз. На овој
начин ќе се одржи здраво ниво на шеќер во крвта и нема да бидеме нервозни и немирни.
Дали знаеме дека премалку храна ја уништува косата и ноктите?
Ако имаме проблем со коса и нокти, значи дека треба итно да ја промениме исхраната.
Експертите велат дека луѓето кои имаат вакви проблеми не внесуваат доволно храна во телото.
Ако внесуваме помалку од 1.800 калории дневно, правиме штета на телото затоа што не му
обезбедуваме доволно енергија и хранливи материи неопходни за здрава коса, нокти и кожа.
Значи, треба да внесуваме најмалку 1.800 калории во вашето тело во текот на денот. Ако
внесуваме помалку од оваа количина калории, ја уништуваме не само косата, кожата и ноктите,
туку и нашето здравје воопшто.
Да внесуваме овошје и зеленчук во поголеми количини, повеќе растителни влакна за
подобро варење на храната.
Забележано е дека дигестивните проблеми најчесто ги погодуваат луѓето кои јадат храна со малку
влакна и земаат мали количини млечни производи во телото.
За да му помогнеме на нашиот дигестивен систем да функционира нормално, јадеме 35
грама житарки, овошје и зеленчук дневно.
Внесот на млечни производи, како што се млеко, урда и јогурт, исто така треба да се зголеми и
да не изостанува во нашата секојдневна исхрана.

Но овие препораки се генерални и потребно е да ја прилагодите вашата исхрана во согласност со вашата доша.

Направете бесплатен тест за да ја откриета ваша доминанатна доша или појдете кај специјалист за да откриете како правилно да се храните.

Доколку чувствувате недостиг редовно конзумирајте Ашваганда и практикувајте техники за дишење.

 

АЈУРВЕДСКИ ПРЕГЛЕДИ

ДОШИ

Доша тест

Ashwagandha

ЈОГА

0 Comments

Submit a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Recent Post

Ајурведска диета за февруари

Ајурведска диета за февруари

Февруари во вашето тело Штом температурите ќе паднат и ќе почнат малку да растат кон крајот на јануари, вашето тело ја менува својата стратегија од градење изолациски масти кон нивно ослободување. Телото ослободува маснотии од истата причина поради која миленичињата...

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

Лекува 150 болести, сезонски грипови и вируси

 Зачин вреден злато! Лековитите својства на овој зачин постепено се откриваат низ вековите, а одамна е потврдено дека има силно антивоспалително дејство. Овој зачин е познат низ целиот свет поради неговите многубројни лековити својства. Ако случајно видите на...

Здрав појадок за почеток на денот

Здрав појадок за почеток на денот

Во брзањето и вревата на нашиот секојдневен живот, здравата храна понекогаш ја оставаме на последно место.  Спакувана и студена храна за носење, мусли со додаден шеќер, бел леб и сл.  станаа составен дел од нашата рутина за појадок - вкусна за јадење и исклучително...