fbpx
Јадете овошје за да го стабилизирате шеќерот и болестите
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Јадете овошје за да го стабилизирате шеќерот и болестите

Јадете овошје за да го стабилизирате шеќерот и болестите

by | Јун 9, 2021 | 0 comments

Ефтина и здрава храна која го стабилизира шеќерот и штитат од болести:

Ајурведата објаснува колку и кога треба да се зема овошје секој ден. Резултатите од новата студија покажаа врска помеѓу консумирањето и помал ризик од дијабетес. Дијабетес тип 2 е една од најчестите болести во светот и познато е дека правиланата диета може да биде важен фактор за превенција вели др. Авишек, ајурведски лекар. Една нова студија, објавена во списанието „Клиничка ендокринологија и метаболизам“, открива дека една група на храна може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 до 36 проценти. Студијата опфати 7.675 испитаници и ги анализираше нивните навики во исхраната. Утврдено е дека оние кои јадат две порции свежо овошје на ден, ризикот од развој на дијабетес тип 2 е помал до 36 проценти. “Пронајдени се врски помеѓу конзумирање свежо овошје и обележувачи на чувствителност на инсулин. Луѓето кои јаделе повеќе овошје морале да лачат помалку инсулин за да го намалат шеќерот во крвта”, рече д-р Никола Бондоно од Универзитетот Идит Кауан. „Високото ниво на циркулирачки инсулин може да ги оштети крвните садови, што не е поврзано само со дијабетес, туку и со висок крвен притисок, срцеви заболувања и дебелина“, рече таа. Две порции се две парчиња поголемо овошје како јаболко, или два грста ​​мали – кајсии, бобинки … Меѓу учесниците имало и оние кои редовно пиеле свеж овошен сок, но оваа врска не била поврзана со тоа. “Свежото овошје содржи не само витамини и минерали, туку и големи количини на фитохемикалии и растителни влакна. Повеќето шеќери што ги содржи овошјето имаат низок гликемиски индекс, што значи дека овие шеќери се варат побавно и се апсорбираат во организмот”, рече таа . Д-р Бондоно подвлече дека ова е таа поврзаност, а не претпоставка, што значи дека луѓето кои јаделе повеќе овошје може да имаат помал ризик од дијабетес на долг рок. „Здравата исхрана и начинот на живот, што вклучува консумирање свежо овошје, се одлична стратегија за намалување на ризикот од оваа болест“, рече таа.

Др. Авишек препорачува дека јадењето овошје треба да биде првиот утрински оброк. Тоа е и најдоброто време за консумирање на истото. Но тоа што е важно дека по овој оброк не треба да се внесува друга храна најмалку 2 часа. Бидејќи, овошјето брзо се вари, брзо поминува низ дигестивниот тракт и доколку се измеша со друга храна ќе се скисели во телото. Она што е исто така важно е тоа дека треба да бидат застапени повеќе локални видови овопја, бидејќи на тој начин нашето тело повеже ќе има бенефити.

За брзо намалување на шеќерот во телото ви препорачуваме редовно земање Нисамлаки.

 

Nisaamlaki

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...