Декември не е само месец на светилки и украси – тој е енергетски портал низ кој го покануваме она што сакаме да ни се случи во новата година. Според Васту, начинот на кој го китиме домот и деловниот простор директно влијае врз протокот на Чи – животната витална енергија, која носи здравје, пари, љубов и успех.
Нова Година не започнува со календарот – таа започнува со енергијата што ја внесуваш во просторот.

ВАСТУ СОВЕТИ ЗА ДОМ – да влезе мир, љубов и изобилство:

Влезната врата – уста на енергијата
Осветли ја со топли светилки или фенери. Врата украсена со природни елементи (бор, цимет, сушени портокали) ја повикува хармонијата и заштитата во домот.

Југоисток – агол на богатството
Токму тука постави елка, новогодишен аранжман или златно-сребрени декорации. Оваа зона ја активира финансиската среќа за целата година.

Центарот на домот – срцето на енергијата
Чист, светол и без хаос. Една свеќа или кристален украс овде ја балансира целата куќа.

Избегнувај скршени украси, темни агли и суви растенија – тие ја гасат Чи енергијата.

ВАСТУ ЗА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР – за успех, клиенти и просперитет:

Рецепција и излог – светло, чисто и привлечено.
Златни и зелени детали ја активираат енергијата на раст и пари.

Југ и југозапад – стави светилки, ламбички или свеќи
Овие зони го јакнат угледот, авторитетот и стабилноста на бизнисот.

Природни материјали, живи растенија и топли бои прават клиентите да се чувствуваат сигурно – а сигурноста носи доверба и продажба.

МИСТИЧЕН РИТУАЛ ЗА НОВА ГОДИНА (ВАСТУ + НАМЕРА)
1. Изгаси ги старите светилки.
2. Запали нова свеќа.
3. Тивко кажи: „Го чистам стариот товар и ја поканувам новата светлина, радост и изобилство во мојот простор.“
4. Потоа вклучи ги сите украси одеднаш – симбол на нов почеток и употреби етерични масла како: ванила,
бор,
цимет

Запомни:
Не е важно колку украси имаш, туку со каква енергија ги поставуваш.
Васту вели: Кога просторот е во рамнотежа – и животот доаѓа во рамнотежа.
0 Comments