fbpx
🌿✨ Ајурведска масажа на ушите – мал ритуал за големи придобивки ✨🌿
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • 🌿✨ Ајурведска масажа на ушите – мал ритуал за големи придобивки ✨🌿

🌿✨ Ајурведска масажа на ушите – мал ритуал за големи придобивки ✨🌿

by | Авг 18, 2025 | 0 comments

Масирањето на ушите не е само пријатно, туку и длабоко терапевтско. Во Ајурведата, ушите се поврзани со бројни марма точки – енергетски центри кои директно влијаат врз мозокот, нервниот систем и органите.

👉 Придобивки:

  • Го намалува заморот и стресот 🧘‍♀️

  • Го стимулира лачењето на ендорфини (хормони на среќата) 😊

  • Го подобрува имунитетот и циркулацијата 💪

  • Поддржува подобар сон 😴

  • Помага при намалување на апетитот и контрола на тежината ⚖️

✨ Како да ја изведете масажата:

  1. Заземете удобна положба со исправен грб.

  2. Со палец, показалец и среден прст, нежно масирајте ги ушите во кружни движења (30 сек – 1 минута).

  3. Нежно повлечете ја ресата и работ на ушната школка.

  4. Притиснете ја средината на увото (марма точка за регулирање на апетитот) околу 10 секунди.

  5. Загрејте ги дланките и покријте ги ушите 10 секунди – за смирување на умот.

  6. Повлечете ги ушите нагоре кон темето и потоа тапкајте ја главата со прстите 15 секунди.

  7. Дополнително: Масирајте ги марма точките на главата (Сирша марма) со нежни кружни движења за ослободување на енергија и бистар ум.

  8. Масаѓата моѓете да ја изведете со додавање на нетра масло за уши на самите точки и во ушите/

🌺 Повторувајте го ритуалот наутро и навечер за најдобри резултати.
Со неколку минути секојдневно, ќе почувствувате моментална релаксација и повеќе животна енергија! 🌞🌙

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...