fbpx
🌿 ПОКРИЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАПОК

🌿 ПОКРИЈТЕ ГО ВАШИОТ ПАПОК

by | Дек 25, 2025 | 0 comments

Древна ајурведска тајна за енергетска заштита
Во Ајурведа и древните духовни традиции, папокот не е обичен дел од телото.
Тој е првата врата на животот, местото преку кое сме биле хранети, заштитени и поврзани со мајката – и со самата сила на создавањето.
✨ Папокот е центар на апсорпција на енергија.
Тука се наоѓа папочниот плексус, а неколку прсти погоре – Сончевиот плексус, енергетски центар што реагира на емоции, стрес, страв и туѓи вибрации.
🔮 КОГА ДА ГО ПОКРИЕТЕ ПАПОКОТ
• кога сте во средина со кавги, интриги и емоционална напнатост
• кога некој ви ја црпи енергијата или ве остава тажни и исцрпени
• кога чувствувате ненадејна слабост, прекумерно прозевање или немир
• при посета на болници, гробишта, бдеења, институции со тешка атмосфера
👉 Едноставно и дискретно:
поставете ја дланката врз папокот или нежно покријте го со ткаенина.
🌗 ЗОШТО ФУНКЦИОНИРА
Во Ајурведа, папокот се смета за енергетска порта.
Кога таа порта е „отворена“ во нестабилна средина, телото несвесно апсорбира туѓи состојби.
Со покривање, го задржувате својот прана-флукс стабилен и заштитен.
✨ Затоа нашите предци носеле ткаени ремени, појаси и врвци – не само за облека, туку како енергетски штит.
🌿 МАЛ РИТУАЛ ЗА СЕКОЈДНЕВНА ЗАШТИТА
Пред излегување од дома:
Нежно покријте го папокот со дланката
Вдишете длабоко 3 пати
Замислете златна светлина што се шири од папокот низ целото тело
Оваа едноставна пракса ве враќа во центарот, стабилноста и силата.
✨ Сè што доаѓа е бесконски прекрасно.
Кога сте заштитени одвнатре – светот почнува да одговара со истата вибрација.
✨ и користете го специјалното ајурведско масло за папок

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...