🌿 РИЦИНУСОВО МАСЛО – АЈУРВЕДСКО МИСТИЧНО ЧИСТЕЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ОГАН 🌿
by admin | Јан 29, 2026 |
Во
Ајурведа, дебелото црево не е само орган за елиминација.
Тоа е седиште на Вата, резервоар на мемории, стравови, задржани емоции и токсини – ама – што се таложат со години.
Рицинусовото масло (Eranda taila) е едно од најмоќните масла познати во древната медицина.
Не за секојдневна употреба.
Туку како свесен ритуал на ослободување.

Што се случува на подлабоко ниво?
Рицинолеинската киселина го активира природното движење на цревата, но и го „буди“ апана-вају – надолната енергија задолжена за чистење, пуштање и завршување.
Затоа многумина чувствуваат не само физичко олеснување, туку и ментална јасност, емоционално смирување и чувство дека нешто старо е пуштено.
🜂 Ова НЕ е обична детокс илу мода.
• Не се прави често
• Не е за секого
• Не е замена за здрава дневна рутина
Во Ајурведа, вистинското здравје доаѓа од: – редовно варење
– стабилен нервен систем
– топла, жива храна
– и слушање на телото, не негово присилување
Кога телото е подготвено –
и кога намерата е чиста.

Ослободувањето е исто толку духовен чин колку и физички. Дозволете ајурведскиот лекар да ви ја одреди дозата и колку често да го правите овој третман.
0 Comments