Во согласност со зборовите на проф. д-р Сергеј Бубновски „Ниту еден кардиолог во светот не може да ми покаже пациент кој бил излечен од хипертензија со земање апчиња. Ако го лекувате високиот крвен притисок со апчиња, тоа значи дека прво почнувате да пиете едно, а подоцна цела шака апчиња.“, Ајурведата исто така учи дека телото има внатрешна моќ за самоизлекување. Наместо да се потпираме исклучиво на апчиња, можеме да ги активираме сопствените ресурси преку движење, здив и правилен начин на живот.
✨ Ајурведски препораки за висок крвен притисок:
-
Движење секој ден – утринска јога, лесни чучњеви или прошетка ја подобруваат циркулацијата и ја намалуваат тензијата во крвните садови.
-
Дишење (Пранаjaма) – вежби како нади шодхана (алтернативно дишење низ ноздрви) ја смируваат Вата и Пита, го стабилизираат умот и го намалуваат крвниот притисок.
-
Ладна стимулација – кратки ладни тушеви ја активираат циркулацијата и го зајакнуваат срцево-садовиот систем.
-
Исхрана – избегнувајте солени и пржени јадења; внесувајте зеленчук, свежи овошја, варени житарки и топли супи. Добро е да се користи коријандер, босилек и магдонос за намалување на притисок.
-
Масажа (Абјанга) – масирајте го телото со топло масло од шафран или кокос за смирување на нервниот систем.
-
Чај за хипертензија – комбинација од тулси, арџуна кора и јасмин може да помогне во регулирање на крвниот притисок. Добри резултати се постигннува и со навахидраја калпа.
🧘♂️ Мудроста на Ајурведа:
„Движењето е живот – стагнацијата е болест.“
Како што вели и Бубновски, водата не тече под камен. Со секојдневно движење, правилен здив и природни ритуали, можете да ја вратите рамнотежата на вашето срце и крвни садови – без „шака апчиња“.
👉 Започнете денес со 10 минути движење, 5 минути дишење и топол чај од арџуна – телото ќе ви врати со здравје.





0 Comments