fbpx
🌿 АЈУРВЕДА И ЗДРАВЈЕ НА ЦРЕВАТА: КОГА БАКТЕРИИТЕ СТАНУВААТ КЛУЧОТ НА ПРЕВЕНЦИЈА 🌿
  • Home
  • /
  • Новости
  • /
  • 🌿 АЈУРВЕДА И ЗДРАВЈЕ НА ЦРЕВАТА: КОГА БАКТЕРИИТЕ СТАНУВААТ КЛУЧОТ НА ПРЕВЕНЦИЈА 🌿

🌿 АЈУРВЕДА И ЗДРАВЈЕ НА ЦРЕВАТА: КОГА БАКТЕРИИТЕ СТАНУВААТ КЛУЧОТ НА ПРЕВЕНЦИЈА 🌿

by | Ное 11, 2025 | 0 comments

Во современата наука, вниманието сè повеќе се насочува кон цревната микробиота – скриен универзум на трилиони микроорганизми кои живеат во нас. Една нова студија открива дека некои видови E. coli произведуваат токсин наречен колибактин, кој може да ја оштети ДНК и потенцијално да го поттикне развојот на колоректален карцином, нешто што ајурведа го тврди одамна
✨ Ајурведската перспектива:
Во Ајурведа, дебелото црево (Паквашаја) е седиште на Вата дошата – енергијата на движењето, сушењето и елиминацијата. Кога оваа доша е во дисбаланс, варењето се нарушува, а ама (токсини од недоволно варена храна) се акумулира и станува основа за болести. Колибактинот е модерниот научен одраз на оваа „Ама“ – хемиски отпад создаден кога варењето и микробиомот се надвор од рамнотежа.
🕉️ Ајурведски препораки за заштита на цревата:
☀️ Почнете го денот со чаша топла вода со лимон за активирање на Агни (огнот за варење).
🌾 Јадете лесна, топла и свежо приготвена храна – избегнувајте ладна и преработена.
🌿 Додајте трифала, куркума, ѓумбир и анис во секојдневната рутина за природна детоксикација и зајакнување на микробиомот.
🧘‍♀️ Практикувајте јога асани за цревата – како Апанадасана и Ардха Матсиендрасана, кои ја поттикнуваат перисталтиката.
💧 Останете хидрирани и одржувајте редовен ритам на спиење – цревната флора го следи вашиот биолошки часовник.
💫 Кога цревата се чисти, умот е смирен, а клетките – ослободени од токсини.
Ајурведата не гледа на ракот како изолиран непријател, туку како повик на телото за прочистување и враќање кон природната рамнотежа.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...