fbpx
🌿 Долгите нокти и цревното здравје

🌿 Долгите нокти и цревното здравје

by | Ное 11, 2025 | 0 comments

Во ајурведата, рацете се продолжение на срцето и умот – сè што ќе допреме, станува дел од нашата внатрешна алхемија.
Кога храната ја носиме кон устата со долги вештачки и лакирани нокти, не влегува само храната – туку и невидливи колонии на бактерии што се кријат под нив.
Невидливи честички можат да стигнат до цревата, да го нарушат агни (огнот за варење) и да создадат ама – токсични наслаги кои се поврзуваат со надуеност, грчеви, слаб имунитет и стомачни инфекции.
Во енергетски план, нечистите нокти се како „затемнета порта“ – прана не тече слободно, а телото добива мешана порака: сакаме светлина и чистота, а внесуваме нечистотија со секој залак.
✨ Ајурведски ритуали за свети раце и чиста храна
Држете ги ноктите кратки,не лакирани, природни и чисти – тоа е почит кон вашето тело и агни.
Мијте раце со топла вода и сапун најмалку 20 секунди, со посебно внимание под ноктите.
Користете мала четка за нокти и, по желба, неколку капки масло од ним или чајно дрво за дополнителна антимикробна заштита.
Ако работите со храна или готвите за себе и домашните, избегнувајте долги вештачки надградби – нека рацете ви бидат храм, а не скривалиште за бактерии.
Кога ноктите се чисти, агни гори стабилно, цревата дишат лесно, а оџас (животна светлина) се зголемува.
Чистите раце се мала, но моќна дневна садана за здравје.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...