Ја намалува пита и вата, а ја зголемува кафа дошата.
Ги храни сите седум ткива (dhatua).
Влијае позитивно на органските системи: циркулацијата на крвта, репродуктивниот систем, респираторниот систем, дигестивниот систем.
Го негува, омекнува, подмладува и стимулира менструалниот проток.
Зошто Сатавари е најдобриот пријател на секоја жена?
Бидејќи ова растение се користи илјадници години како основен тоник за матката и здравјето на женските гениталии.
Бидејќи основно својство е да ја смири пита дошата, што значи дека го смирува воспалението, крварењето, емоционалниот стрес, киселоста и токсичноста на крвта.
Бидејќи тоа е докажан тоник за жени од сите возрасти. Со почетокот на првата менструација, сатавари го враќа хормоналниот статус, ја храни физиологијата кај девојките и поттикнува хармоничен раст и развој; поддржува физиологија на жената за време на менструацијата, овулацијата и плодните денови; го зајакнува фетусот и матката за време на бременоста, помага за обновување по породувањето; го подобрува количеството и квалитет на мајчиното млеко; за време на менопаузата го намалува гневот, раздразливоста, топлите бранови, слабата меморија…
Бидејќи е корисна и за здравјето на мажите: ја зголемува количината на машка течност, бројот на сперматозоидите и нивното здравје (има ефект на ладење и негување).
Бидејќи ги отстранува нарушувањата на пита дошата од дигестивниот систем: ги зајакнува мукозните мембрани, ги намалува киселините и воспаленијата, ги отстранува чиревите.
Бидејќи е едно од главните ајурведски растенија за производство на оџас, односно животната сила, според Ајурведа. Таа е извор на интелигенција, здравје и убавина, а кога е човек полн со оџас тој сјае и зрачи, има волшебна привлечност. Оџасот е основа на имуниот систем, вродениот имунитет кој се заснова на оџасот. Создава виталност, долговечност, плодност, имунитет и добар сон. Повеќе оџас значи поголема љубов кон себе и кон околината.
Сатавари е извонредно средство за потикнување на мајчиното млеко!
Се препорачува кај;
Слабости на женските гениталии
Општа сексуална слабост
Неплодност
Преодреденост кон абортуси
Слабо либидо
Импотенција
Хормонална нерамнотежа
Пред-менструален синдром (ПМС)
Проблеми со менопауза
Дизентерија
Чир во желудник и тенко црево
Зголемени киселини
Белодробни апсцеси
Повраќање со крв
Сува кашлица
За време на период на опоравување
Карциноми
Херпеси
Бело прање
Повратни трески
Слаб имунитет
Емоционален стрес
Не се препорачува кај акумулирана ама /токсини во телото/, изобилство на слуз.
Сатавари е основна ајурведска билка за подмладување на жени, како и ашваганда за мажи (иако и двете билки подеднакво делуваат кај двата пола). Преведено од санскрит, сатавари значи „онаа што има сто сопрузи“, што укажува на способноста на ова растение да ја поддржува плодноста и младоста на жените.
Сатавари е ефикасно средство за ублажување на сувоста и воспалението на внатрешните органи – желудникот, белите дробови, бубрезите и гениталиите. Благодарение на тоа, помага при чиреви, а заради неговата способност да складира вода во организмот и да ја гаси жедта, добра е за хронична дијареја и дизентерија.
Надворешната употреба е важна за вкочанети зглобови и вратот, како и грчеви во мускулите. Ја смирува и омекнува вата дошата.
Сатавари го зголемува лачењето на мајчиното млеко, ја храни и ја чисти крвта и женските органи. Таа е одличен додаток во исхраната за жени при менопауза или кај оние кои ја отстраниле матката, затоа што содржи многу женски полови хормони. Сатавари ги храни јајце клетките и ја зголемува нивната способност да бидат оплодени. Покрај тоа, природата на ова растение е сатвично, што придонесува за развој на љубов и посветеност.
За мажите, ова растение е важно затоа што го зголемува бројот на сперматозоидите и нивната плодност. Се разбира, кај мажите делува и како расајана за пита дошата, како што е веќе опишано.
Сатавари и западната наука
Истражувањето направено на Интердисциплинарното училиште за здравствени науки, Универзитет во градот Пуне, покажа дека сатавари поддржува нормално ниво на лимфоцити и функција на имунолошкиот систем. Тие, исто така, ја потврдија оправданоста на традиционалното, ајурведско користење на ова растение за да се врати нормалното функционирање на органите за варење (Journal of Ethnopharmacology, 21 јануари 2009 година, 121 (2): 241-7).
Активни состојки
Основните биолошки активни супстанции вклучуваат сапонини, ситостероли и сигмастероли и нивни глукозиди, алкалоиди, протеини и танини. Билката содржи тритрепен сапонини (шатаварини 1-4) кои го стимулираат организмот да произведува естроген. Исто така, присутни се изофлавониди, аспарагамин А, расемозол и полисахариди.
Шатавари може да го врати хормоналниот баланс кај жените кои имаат променливо ниво на хормони заради менопауза или менструални нарушувања и со тоа да ги ублажат симптомите на ПМС и менопауза.




0 Comments