fbpx
Антистрес терапија со лековити масла
  • Home
  • /
  • Uncategorized
  • /
  • Антистрес терапија со лековити масла

Антистрес терапија со лековити масла

by | Јун 6, 2020 | 0 comments

Abhyanga (целосен маслен третман на телото) е масажа што се применува во ајурведата за исцелување на целото тело. Овој вид на масажа, се изведува во една насока. Абјанга третманот може да се примени превентивно, заради лекување или одржување на моменталната состојба.

При третманот се стимулираат марма виталните точки на телото и се прати енергетскиот тек на Вата енергијата. Абјанга третманот ја успорува и смирува и во исто време ја става во рамнотежа Вата енергијата.
Освен Вата, тука се и Пита и Кафа енергиите кои се статични, но како управуваме со Вата енергијата другите две ја пратат. Со смирување на Вата енергијата се добива длабок одмор, а колку е подлабок одморот толку повеќе се ослободуваме од стрес, додека рамнотежата на сите три енергии носат склад и здравје во телото.
За третманот најчесто се користи сусамово или маслиново масло. Може да се прави наутро при што дава енергија за целиот ден или пак попладне како би не смирила целосно.

За секој дел од телото се предвидени одреден број минути. Најчесто започнуваме во седечка положба, масажата на главата е првиот дел, а потоа се продолжува по целото тело и трае повеќе од 45 минути.

Ова се некои од состојбите при кои овој третман помага:

го забавува стареењето и промовира долговечност,

го елиминира заморот и стресот,

го лечи и смирува нервниот и ендокриниот систем,

го прави телото посилно,

спречува несоница,

спречува дехидрација на телото,

ги зајакнува нервите во телото,

го зајакнува имунолошкиот систем и лимфен проток или само-заздравување на телото.

Shirodara (топло маслење на главата) е кралевска форма на маслената терапија. Ширододара е специфична исклучиво за ајурведската медицина.

Широдара се изведува со топол проток на лековито масло врз челото и целата глава. Маслото тече рамномерно низ целото чело. Лицето лежи на грб, а очите му се покриени. Маслото, кое се загрева на температура е малку повисока од температурата на телото, во голема количина се истура на горниот дел од челото – под делот каде започнува растот на косата, а каде се наоѓаат голем број важни марма точки за нашето тело..

Овој вид на терапија се користи кај: зголемен стрес, параноја, депресија, нарушувања на спиењето, хронични главоболки и други заболувања или здравствени проблеми. Ширододара, исто така, има корисен ефект врз парасимпатичниот нервен систем и го намалува крвниот притисок.

 

Широдара

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Recent Post

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

🌿 ДОПИР ШТО ТЕ ВРАЌА КОН СЕБЕ

Секој ден стапалата те носат низ животот. Кога последен пат им подари внимание? Во ајурведската традиција, марма точките се сметаат за важни места на поврзување на телото, здивот и животната енергија — прана. Нивната нега е ритуал на присутност, нежност и внимание кон...

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

🥣 ЗАТОПЛИ ГО ТЕЛОТО, СМИРИ ГО ТЕМПОТО

Понекогаш најубавиот оброк е чинија топла, домашна чорба — полна со зеленчук, мирисни зачини и вкус што те повикува да забавиш. Во ајурведската традиција, топлата и зготвена храна има посебно место во студените денови, кога Вата се поврзува со студ, сувост и немир....

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

🎄✨ КАКВА ЖЕЛБА ЌЕ ЗАКАЧИТЕ НА ВАШАТА ЕЛКА?

Оваа година, додека го украсувате домот, подарете им внимание и на своите желби за 2027. Успех во работата? Повеќе благосостојба? Љубов и блискост? Топол дом и семејна хармонија? Нови патувања и искуства? Нека секој украс биде мал потсетник на она што сакате да го...