Постојат многу вежби за отварање на срцето, но за почеток еве една едноставна вежба за
дишење со која за брзо време се враќаме во баланс со самите себе, вели ајурведата и јогата.
Оваа вежба се одвива во седечка положба и она што треба да се направи е да се исклучиме од
сите настани кои се околу нас, едноставно да се фокусираме само на дишењето. Седнуваме
удобно, ги затвараме очите и почнуваме да вдишуваме се подлабоко и посмирено. Со секој
длабок здив го чувствуваме или го замислуваме срцето како ни се отвара, а со секое издишување
чувствуваме или замислуваме дека негативни мисли се растопуваат.
Потрудете се оваа медитација да трае околу 20тина минути два пати во денот.
Научите правилно да медитирате на нашите #СекојДенОнлајнЈогаЧасови
За чувството на скршено среце може многу да помогне Арџуна и Абјанга.




0 Comments