Кафа дошата секогаш чека до крајот за да ги добие информациите, така што овој пат ќе ги смениме работите, и ќе ја поставиме оваа доша прва на ред 🙂 !
Секако, луѓето со многу кафа доша во умот имаат најмалку психолошки проблеми во споредба со другите две доши-типови. Но, кога кафата се влошува, тогаш може да го наруши умот со блокирање на каналите и затнување на сетилата.
Овој вид нарушување подразбира: неприврзаност, недостаток на мотивација, депресија, тага и чувство да се биде самостоен. Тие имаат недостаток на раздвиженост и мотивација и честопати можат да станат прилично пасивни и зависни. Прекумерното влошување на кафа може да доведе до алчност и посесивност, што го прави умот досаден, тежок и депресивен.
И, зошто сето тоа се случува?
Емотивните нарушувања на Кафа произлегуваат од прекумерно задоволство, уживање или приврзаност во животот. Премногу спиење, недостаток на вежбање, вишок на слатка или мрсна храна исто така може да биде уште еден фактор. Влијанијата од детството може да поттикнат презаситеност или емоционално задушеност од родителите. Дали премногу капа ги предизвикува вашите ментални нарушувања?
Како лесно да помогнете ако пронајдовте некои од наведените симптоми.
Најпрвин пијте голема количина е многу топла вода со ѓумбир.
Поченете да практикувате Абјанга во комбинација со Удвартана
Земајте два пати на ден по една таблета Харитаки
0 Comments