100% Eмоциите како фактор влијаат при создавање токсини во телото. Придушениот гнев, на
пример, целосно ја менува флората на жолчното кесе, жолчниот канал, тенкото црево и ја
влошува состојбата на питта дошата, предизвикувајќи воспалени области на мукозните мембрани
на желудникот и тенкото црево.
Стравот и вознемиреноста ја менуваат флората на дебелото црево. Стомакот станува надуен
од гасот кој се создава при појава на вознемиреност и страв и се акумулира во „џебовите“ на
дебелото црево предизвикувајќи болка. Оваа болка често може да создаде проблеми со срцето
или црниот дроб. Потиснување на емоции, стравови, вознемирености, кашлање, кивање и
пуштање ветрови влијае на агни и автоимуниот систем на телото. Кога агни е слаб може да
предизвика алергии на одредени супстанции, како што се полен, прашина и мирис на цвеќе.
Алергиите не можат радикално да се излечат со употреба на антихистаминици бидејќи не се
влијае на причината, на потиснатите емоции туку само на последиците од тие состојби. Друга
причина за алергии се цревните паразити. На пример, ако амебите се присутни во дебелото
црево, тоа може да предизвика алергија на полен од жито.
Луѓето родени со слаб имунолошки систем често страдаат од алергии, бидејќи алергиите се тесно
поврзани со имунитетот во организмот.
На пример, едно лице родено со доминантна пита доша, ќе биде чувствително на зачинета
храна, која вијае на пита дошата. На ист начин, потиснатите емоции, како што се омразата и
лутината ја зголемат силната чувствителност, па заедно со лута и зачинета храна ја влошуваат
пита дошата.
Луѓето со доминантна кафа доша треба да внимаваат на млечни производи кои создаваат
нарушувања на имунолошкиот систем со што се јавува кашлица, студ во телото, хаос во мислите
и отежнато дишење. Луѓето кои ги потиснуваат кафа емоциите, како што се посесивност и
алчност, ќе имаат алергиски реакции на храната која ја внесуваат и која е типична за кафа
дошата, на пример храна полна со маснотии, јагленохидрати и шеќери.
Ајурведата препорачува да ги набљудуваме своите емоции и да најдеме начин како
да се ослободиме од негативните емоции. Кога емоциите се потиснуваат, тоа предизвикува
нарушувања на мирниот ум, кој со тек на времето полека ќе предизвика нарушување и на
различните функции на телото.
Откријте која доша сте според ајурведа на следниот тест
Лесно хармонизирање на дошите се постигнува со редовно практикување Абјанга
Многу добри резултати с епостигнува со редовно земање на 100% природниот Шанкапушпи
0 Comments